Турција

ИНТЕРВЈУ - ПЈД/ПКК и САД трипати дозволија да избега ДЕАШ

Талал Сило, кој избега од регионот откако извесно време ја вршеше функцијата портпарол на Демократските сили на Сирија , параван на ПЈД/ПКК одговараше на прашањата на AA за воената поддршка на САД

Ekipa  | 04.12.2017 - Обновена : 05.12.2017
ИНТЕРВЈУ - ПЈД/ПКК и САД трипати дозволија да избега ДЕАШ Fatih Aktaş/AA

Ankara

АНКАРА (АА) - Талал Сило, кој избега од регионот откако извесно време ја вршеше функцијата портпарол на Демократските сили на Сирија (СДГ), параван на терористичката организација ПЈД/ПКК, која дејствува во Сирија, истакна дека организацијата во договор со САД дозволила да избегаат припадниците на ДЕАШ.

Сило одговараше на прашањата на Anadolu Agency (AA) околу деталите за воената поддршка на САД за ПЈД/ПКК, како и околу договорите постигнати под маската на борбата против ДЕАШ.

ПРАШАЊЕ: Како се случија вашите први контакти со Американците?

ОДГОВОР: (Кога станав портпарол на СДГ) Бараа да се сретнат со мене надвор од Сирија. Дојдоа со едно летало слично на хеликоптер. Ме зедоа и ме одведоа во Ербил. Два дена престојував во базата на САД што се наоѓа во аеродромот во Ербил. Разговаравме околу координацијата на работите, како и за медиумските работи. Ги определивме медиумите кои даваат поддршка за СДГ. Разговаравме за тоа на кои медиуми можеме да даваме изјави.

ПРАШАЊЕ: Дали директно се сретнавте со високите американски претставници?

ОДГОВОР: Средбите се реализираа директно. И јас учествував на овие средби. Учествував на средбите со (специјален претставник на САД за борба против ДЕАШ) Брет Мекгурк , (командантот на „Combined Joint Task Force – Operation Inherent Resolve“/Здружените сили - Операција инхерентно решение“, под водство на САД) генерал Стивен Таунсенд (Централна команда на америкаските сили) командантот на ЦЕНТКОМ, Вотел. Шахин Џило (таканаречениот генерален командант на СДГ од ЈПГ) избираше кој од нас ќе учествува. Учествував на сите средби во базата „Челебије“. Одржавме состанок со делегацијата на Стејт департментот на САД. Постоеше една целосна координација меѓу Џило и администрацијата на САД.

ПРАШАЊЕ: Зошто во мапата на Сирија, во знамето на СДГ, параван на ПЈД/ПКК, го вклучивте Хатај?

ОДГОВОР: Џило ни рече: „Сириската држава е формирана давајќи и една жртва (град) на Турција.“ Но ние нема да се откажеме од тоа. Овој состанок го одржавме во зграда на ЈПГ во Хасека.

ПРАШАЊЕ: Како одлучувавте што ќе говорите како портпарол на СДГ?

ОДГОВОР: Бев назначен за портпарол со инструкции на Џило. Откако бев назначен, Бахоз Ердал (тогашно одговорно лице на ПКК за Сирија) ме покани на ручек. Разговаравме за сѐ. Ми подари оружје. Џило даваше инструкции за тоа како да се дава изјави во СДГ. Текстот ми го испраќаше прeку „WhatsApp“ или преку „Viber“. Јас го редактирав. Кога Бахоз Ердал нѐ напушти, дојде Нуредин Софи (од Кандил). И тој (како надреден на Џило) ги контролираше изјавите. Исто така, и пораките за сочувство ги објавував со одобрување. Изјавата за ослободувањето на Рака што ја прочитав, ми ја даде Џило. Мислам дека и тој не го напишал тоа. Немаше таква способност.

СОРУ: Дали беа направени прес-конференции побарани од страна Американците?

ОДГОВОР: Побараа од нас да осудиме еден извршен напад во Турција. Побараа да дадеме изјава дека СДГ нема врска со ПКК. Изјавата ми ја даде Џило. Кога го прашав за причината, ми рече: „САД побараа. На овој начин ќе се покаже дека не постои врска меѓу нас (СДГ) и ПКК“. Нашата улога беше на хартија.

ПРАШАЊЕ: Каква беше комуникацијата меѓу таканаречените водачи на СДГ и ПКК во Кандил?

ОДГОВОР: Иако Шахин Џило беше генерален командант на СДГ, немаше толку авторитет. Инструкциите доаѓаа од Бахоз Ердал, а Бахоз земаше наредби од Сабрик Ок (висок водач на ПКК/КЏК). Ми требаа две години додека ги сфатив овие врски. Не беше лесно. Мораа да ме држат мене на состаноците со САД. Дури учествував и во испораката на оружје. Во овој период ја придобив нивната доверба. Ги знаев сите приватни тајни. ПКК ги потпишуваше воените, цивилните и економските одлуки во регионот. Сите одлуки беа постигнати во Кандил, а другите само ги спроведуваа.

ПРАШАЊЕ: Како ПЈД/ПКК почна да зема помош од САД, во името на СДГ?

ОДГОВОР: Од формирањето на СДГ досега, САД им даваат помош во оружје и муниција. Тие со падобрани ги доставуваат до ЈПГ. Кога беше прогласена СДГ, на барање на САД се вршеше достава на помош од оружје и муниција до различни имиња, без да се спомне курдскиот елемент. Јас зедов две тури оружје. Оружјата што ги зедовме ние, беа лесни оружја од руско производство. За време на формирањето на СДГ дојде американска делегација. Ги скенираа отпечатоците од прстите и ретината на членовите на Воениот совет на СДГ, и ги фотографираа.

Кога Американците за првпат дојдоа на теренот, се стационираа во една мала база наречена „Истирахет ел-Везир“, која се наоѓа помеѓу Хасака и Тел Темр. Таму направија писта за хеликоптер. Во близина ја изградија втората база наречена „Тел Бејдер“, на патот кон Дирбасије. Исто така, и тука беше изградена една база за хеликоптери. Од таму ни даваа оружје. Ни доаѓаше оружје и од граничниот премин Сималка (на границата помеѓу Сирија и Ирак).

Потоа, базата Челебије беше ставена во функција. Ова место претходно беше фабрика за цемент. Беше во близина на Сирин, кој се наоѓа помеѓу Ајн Иса и мостот Каракозак. Изградија една голема американска база. Главното место на поддршка овозможена за СДГ беше тука. Помошниците се зголемија кога базата Челебије стапи во функција. Откога дојде Трамп, добивме целосна поддршка. Видовме стотици воени возила на граничниот премин Сималка (на границата со Ирак) кои транспортираа воени средства. Сите се транспортираа во Челебије. Од тука се транспортираа за ЈПГ велејќи дека се за СДГ.

На влезот на Челебије постои еден претставник на ЈПГ со име Хемин. Тој ја врши координацијата. Тој ги добива испораките било на оружје или возила. Понекогаш ги остава во базата, понекогаш ги става во главниот магазин во истиот регион. Му ги предаде на командант Сафкан, одговорен за оружјата на ЈПГ. Тој потоа ги дистрибуираше на одредени места.

ПРАШАЊЕ: САД, каква друга поддршка обезбедуваат, покрај помошта во оружје?

ОДГОВОР: Даваат воени вежби. Постои камп изграден за оваа намена. Формирани се медицински центри за лекување. Ги користат за прва помош и за брзи хируршки интервенции. Постојат американски и француски медицински тимови. Исто така, Французите дадоа обука за снајперисти (Канас).

ПРАШАЊЕ: Дали е добиен некој сигнал дека ќе се прекине помошта од САД?

ОДГОВОР: Според последните изјави на САД, веќе нема да биде испорачано оружје. Но веќе зедоа доволно оружје. Парите што ги зедоа се непроценливи.

ПРАШАЊЕ: Дали ПЈД/ПКК може да дејствува независно од САД?

ОДГОВОР: Не може да направи потег без одобение на САД, бидејќи САД ја даваат поддршката, особено воздушната поддршка. И Американците не можат да го уништат ДЕАШ без копнена операција. Секој го знаеше тоа.

ПРАШАЊЕ: Дали имаше одредени несогласувања меѓу водачите на ПЈД/ПКК и Американците?

ОДГОВОР: Немаше никакви несогласувања, бидејќи двете страни обезбедија алијанса околу сите страни. САД обезбедија отворена и неограничена воена поддршка за СДГ. Постои интерес во заедничкото делување. Интересот на СДГ или на ПКК е да доминира во регионот. Всушност, го направија тоа. Тоа не можеше да се случи без САД.

ПРАШАЊЕ: На кое ниво е военото присуство на САД на територијата на Сирија?

ОДГОВОР: Според тоа што ни го кажуваа на средбите, моментално има околу 2.000 американски војници. Постојат обучувачи, советници, лица одговорни за комуникација при воени операции. Тука се и специјалните тимови на морнарицата. Има и воени елементи од другите земји како Велика Британија, Франција, Данска, но малку се.

ПРАШАЊЕ: Какво влијание на теренот во Сирија има специјалниот пратеник на САД за борба против ДЕАШ, Мекгурк?

ОДГОВОР: Од самиот почеток има големо влијание. Пример е нашиот прв состанок во базата Челебијe, кога беше разговарано за ослободувањето на Мунбич. Тој го предложи тоа. Рече дека мора за тој град да формираме посебен воен совет составен претежно од Арапи, и се со цел да ја убедиме Турција во тоа. Така, се сакаше да се создаде привид дека Мунбич го ослободуваат локалните борби на тој град. Истиот предлог го имавме и во Рака. Во тие ситуации, Мекгурк велеше дека мораме да ја убедиме турската страна и оти силите на теренот мора да изгледаат како во нив да се претежно Арапи. Така, во Воениот совет за Мунбич имаше единица Туркмени, но никој немаше во неа. Јас лично ги измислував имињата на групите што ги водев таму. Тоа го направивме на барање на Мекгурк.

Беше соопштено дека во операцијата во Рака ќе учествува исклучиво арапска коалиција, но такво нешто не постоеше на теренот. СДГ, предводена од Шахин Џило делуваше според упатствата на Мекгурк.

По осободувањето на Мунбич, тој побара од нас да прочитаме соопштение во коешто наведуваме дека градот го ослободиле СДГ, дека силите на ЈПГ се повлекле надвор од градот, а во него останале локални борци. Се разбира, тоа немаше никаква врска со вистината.

ПРАШАЊЕ: Договорот со којшто ПКК / ПЈД помогна во евакуацијата на ДЕАШ од Рака привлече големо внимание. Што всушност се случи во Рака?

ОДГОВОР: Преговорите за Рака се водени во главната база на СДГ во местото Ајн Иса. Тие траеја два дена. Абу Мухамед (контакт-лицето за ДЕАШ), Џило и неговиот помошник Кахраман преговараа. ДЕАШ немаше втора опција, освен повлекување од Деир ез-Зор. Се чинеше дека САД се согласуваат со тоа, бидејќи СДГ така со еден потег решаваше две прашања, и Рака и Деир ез-Зор. САД побараа од СДГ започнување операција во Деир ез-Зор и да стигне до ирачката граница пред доаѓањето на режимската војска. Според САД, на војската на сирискиот режим ѝ беше потребно најмалку шест недели за да стигне во Деир ез-Зор. Меѓутоа, силите на режимот напредуваа брзо, а САД побараа од СДГ да започнат преговори со ДЕАШ. Така, терористите од Рака требаше да одат кон Букемал во Деир ез-Зор и да го спречат понатамошното напредување на режимските сили. Таму имаше околу 500 жени и деца.

САД и Џило бараа тие терористи во Деир ез-Зор да пристигнат пред војската на режимот. Затоа не беа гаѓани оние што ја напуштаа Рака. Истиот ден Џило од мене побара да се појавам пред медиумите и да направам одредена претстава за јавноста.

Ние, од медиумскиот тим ја подготвувавме оваа претстава според којашто под иницијатива на арапските племиња од Рака дојде до тоа 275 терористи на ДЕАШ да се предадат на СДГ. За возврат, наводно од Рака требаше да излезат 3.500 цивили. (Иако никој не се предаде) Претставата за јавноста е водена така што на новинарите им беше забранет влез во Рака. Им беше кажано дека во Рака ќе дојде до судири со странски борци од редовите на ДЕАШ. 

Во реалноста не беше истрелан ниту еден куршум, а припаниците на ДАЕШ во тој период стигнаа на своето одредиште. Потоа објавивме дека ја зазедовме Рака.

Подоцна дознавме дека дел од припаниците на ДАЕШ поткупиле некои луѓе и отишле во други правци. Многумина од нив отидоа во регионот ослободен од операцијата „Штитот на Еуфрат“.

ПРАШАЊЕ: Што затекнавте по влезот во Рака?

ОДГОВОР: Во Рака немаше ослободување, туку рушење на градот. Таму отидов на денот кога објавивме дека Рака е ослободена. Бев шокиран од големината на разорувањето во градот. Над 95 проценти од градот е срамнет со земја.

Целта на основањето на СДГ беше ослободување на населението од териториите на ДЕАШ. Меѓутоа, ако ослободување е она што го видов, убеден сум дека тоа не е потребно. Всушност, станува збор за уништување. Уривањето го вршеа двете страни. СДГ рушеше, а и САД доведе до целосно уништување на градот. Сè уште не ја знам причината. Потоа, Граѓанското собрание на Рака бара од меѓународната заедница да помогне во обновата на градот. Ми се чини дека тука гледаат можност за личен профит.

ПРАШАЊЕ: Дали имало други такви договорени нешта како примерот со Рака?

ОДГОВОР: Рака не е првото место од каде што ДЕАШ се повлече договорно. Беше трет таков случај. Договорите ги правеа САД и Џило. Непосредно пред објавувањето на вестите за ослободувањето на Мунбич, се огласи тамошниот Воен совет, кој наведува дека е одобрено од Мунбич да излезат 2.000 терористи на ДЕАШ, кои ги користеа цивилите како жив штит. СДГ, САД и Воениот совет на Мунбич така ги заштитија терористите и им овозможија да се повлечат кон Џарабулус. Тоа беше првиот таков договор.

ПРАШАЊЕ: Кој е вториот договор помеѓу ПКК/ПЈД и ДЕАШ?

ОДГОВОР: Другиот беше во Табка (на брегот на Еуфрат). Табка има два дела, браната и населбата Севре. Табка беше земена и тоа беше објавено, но Севра остана. Неуспешни беа сите операции, бидејќи ДЕАШ даваше силен отпор. Преговорите беа неопходни. Беше ангажиран Ебу Мухамед. Сопругот на неговата сестра беше командантот на ДЕАШ во Табка. Тој побара од него да преговара за евакуацијата на 500 припадници на ДЕАШ со гаранции обезбедени од Џило и од Американците. ДЕАШ бараше да се повлече со оружјето кон Рака. Џило во наше име за тоа преговараше со САД, и тоа им беше одобрено. 

ПРАШАЊЕ: Турција на САД им предлагаше заедничка акција за ослободување на Рака. Дали САД го споменаа овој предлог на теренот?

ОДГОВОР: Бев присутен на состанокот кога тој предлог го спомнаа Американците. Тука беше Мекгурк и Џон Мекејн (американскиот сенатор). Мекејн рече дека Турција предложила нејзините сили со арапските борци да влезат во Рака преку коридор широк 25 километри, од правец на Тел Абјад. Тоа беше необврзувачка препорака. Шахин Џило го сфати тоа и рече дека на Турција нема да ѝ отвори коридор ниту од 25 сантиметри. На Мекејн тоа му беше доволно јасен одговор и се премина на преговори за американската помош во оружје. Тој вети продолжување на целосната поддршка, со напомена дека нема да обезбеди противвоздушни проектили.

ПРАШАЊЕ: САД преку пишано соопштение реагираа на поставувањето постери на водачот на ПКК, терористот Оџалан во Рака. Што се случи на теренот, меѓу страните?

ОДГОВОР: Американците постојано предупредуваа дека таквите плакати и пароли може да ја доведат организацијата во тешка ситуација во јавноста. Курдската страна не ги прифати овие предупредувања. Постерите на Оџалан беа истакнати на местата каде што преговаравме со Американците. Овие постери беа тука и на првиот собир на раководството на СДГ. Сите знамиња и симболи беа како на ЈПГ или ЈПЈ. Всушност, никаде не можете да видите знаме на СДГ. Американците многу добро знаеја со кого соработуваат.

ПРАШАЊЕ: Дали челниците на ПКК/ КЏК, односно главните структури на таа терористичка организација, не бараа поддршка и на меѓународно ниво?

ОДГОВОР: Каква помош уште е потребна? ПКК има потреба од помош во оружје и пари. Оружјето одеше во СДГ, па до ЈПГ, а потоа директно пристигнуваше до ПКК. Затоа Џило немаше потреба да бара оружје за ПКК, бидејќи тоа преку ЈПГ стигнуваше на таа адреса.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın