свет

Инцидент пред зградата на судот во Хаг, во пресрет на пресудата на Младиќ

Во исчекување на изрекувањето на пресудата на Ратко Младиќ, пред зградата на судот во Хаг утринава дојде до инцидент кога пред жртвите се појави маж кој го носеше српското знаме

Ekipa  | 22.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
Инцидент пред зградата на судот во Хаг, во пресрет на пресудата на Младиќ Abdullah Asiran/AA

Hague

ХАГ (АА) - Во исчекување на изрекувањето на пресудата на Ратко Младиќ, пред зградата на судот во Хаг утринава дојде до инцидент кога пред жртвите се појави маж кој го носеше српското знаме, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателката на Здружението „Жени-жртви на војната“, Бакира Хасечиќ, се обиде да му го одземе знамето на мажот, а потоа реагираше полицијата за да ја смири ситуацијата.

Хасечиќ по инцидентот изјави дека е жално и тажно денес пред Хашкиот суд да се величи геноцидот, агресијата, масовните силувања на несрпските жени, особено Бошњачките.

„Јас сум една од тие илјада силувани жени“, рече таа.

Поранешните затвореници од логорите од сите делови на БиХ, претставниците на Здружението на жртвите, како и семејствата на убиените, од утринските часови пристигнуваат пред зградата на Меѓунардниот кривичен суд за поранешна Југославија (MKSJ) во Хаг, каде што денес ќе биде изречена првостепената пресуда за поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, обвинет за геноцид и за воени злосторства за време на војната во БиХ во 90-тите години.

По повеќе од две децении од војната во БиХ, семејствата на жртвите се надеваат дека со денешната пресуда, правдата колку-толку ќе биде задоволена.

Членовите на семејствата на жртвите дојдоа пред зградата на Хашкиот трибунал, носејќи транспаренти со пораки „Виновен си за сѐ“ и со фотографии на Младиќ со порака „Правда за сите жртви“.

Судењето на Младиќ започна во мај 2012 година, а обвинението на Хашкиот трибунал го товари по 11 точки, од кои две се однесуваат на геноцидот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın