свет

Ирачките сили воспоставија контрола врз аеродромот во Керкук

Воената медиумска мрежа, која е дел од Министерството за одбрана на Ирак, силите на федералната полиција и специјалните тимови воспоставија контрола врз аеродромот во Керкук

Haydar Hadi  | 16.10.2017 - Обновена : 16.10.2017
Ирачките сили воспоставија контрола врз аеродромот во Керкук

Baghdad

БАГДАД (АА) - Ирачките сили воспоставија контрола врз аеродромот во Керкук, пренесува Anadolu Agency (AA).

Воената медиумска мрежа, која е дел од Министерството за одбрана на Ирак, објави писмено соопштение во кое се вели: „Силите на федералната полиција и специјалните тимови воспоставија контрола врз аеродромот во Керкук”.

Војската на Ирак и федералната полиција во раните утрински часови, напредувајќи од исток, воспоставија контрола врз воената база К1, нафтеното поле Баба Ѓурѓур, нафтената компанија Северен Керкук, и базата на 70. бригада на Патриотската унија на Курдистан (KYB).

- Ирачките сили презедоа контрола над воената база во Киркук -

Ирачките безбедносни сили презедоа контрола над воената база К1 во Киркук.

„Ирачките сили за борбата против тероризмот презедоа контрола во воената база во Киркук и извршија распоредување на воените задачи во базата“, соопштено е од Министерството за одбрана на Ирак.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın