свет

Италија: Лавина затрупа хотел, три лица се водат за исчезнати

Тешките зимски временски услови и врнежите од снег што го зафатија регионот во кој се случија земјотресите го отежнуваат доставувањето помош од страна на екипите

Barış Seçkin  | 19.01.2017 - Обновена : 19.01.2017
Италија: Лавина затрупа хотел, три лица се водат за исчезнати

Rim

РИМ (АА) - Врз хотелот „Ригопиано Гран Сасо ресорт“, кој се наоѓа во западниот дел на градот Пескара, Италија, се спушти лавина, а се претпоставува дека таа била предизвикана од временските услови и од сеизмичките движења, јавува Anadolu Agency (AA).

Веста преку приватниот профил на социјалната мрежа Фејсбук ја соопшти гувернерот на Пескара, Антонио Ди Марко. „За жал, се случи страотна трагедија. Изгледа дека има и жртви, но ова треба да се потврди“, напиша Ди Марко.

Во хотелот, кој се наоѓа на 1.200 метри надморска височина, престојувале 20 гости и членови на персоналот. Според очевидците, започната е потрага по 3 лица, кои се исчезнати во ова подрачје.

Се додава дека несреќата со лавината што го погоди хотелот „Ригопиано Гран Сасо ресорт“ ја пријавиле две лица кои биле надвор од хотелот, испраќајќи СМС-порака на броевите за итна помош. Се истакнува дека екипите за спасување биле во трка со времето за да ги спасат заробените од лавината.

Во изјавата од Цивилната заштита, пак, се нагласува дека е отежнат пристапот до местото на несреќата поради непроодноста по лавината, додавајќи дека тоа би можело да трае со часови.

Тешките зимски временски услови и врнежите од снег што го зафатија регионот во кој се случија земјотресите го отежнуваат доставувањето помош од страна на екипите. Поради лошите временски услови, илјадници луѓе во регионот останаа без електрична енергија.

Во вчерашните 4 земјотреси што се случија во централните делови на Италија, животот го загуби едно лице.

Италијанскиот регион каде што минатата година во август, при земјотрес животот го загубија 300 лица, вчера повторно беше зафатен од низа земјотреси и тоа во 10:25 часот по локално време беа измерени 5,1 степен според Рихтер, во 11:15 ч. 5,5 степени, во 11:25 ч. 5,4 степени и во 14:34 ч. 5,1 степен според Рихтер.

Според информациите од италијанските медиуми, спасувачките екипи под урнатините во областа Кастел Катања пронашле мртвото тело на 83-годишен маж.

Противпожарните екипи пак спасија мајка и дете од под урнатините во областа Кастиљионе Месер Раимондо. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın