политика

Македонија го одбележува 23. Октомври, Денот на револуционерната борба

По тој повод, делегации на Собранието и на Владата на Македонија ќе положат цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк

Besar Ademi  | 23.10.2017 - Обновена : 24.10.2017
Македонија го одбележува 23. Октомври, Денот на револуционерната борба

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Со неколку активности организирани од страна на државните институции, денеска во Република Македонија се одбележува 23. Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, пренесува Anadolu Agency (AA).

По тој повод, делегации на Собранието и на Владата на Македонија ќе положат цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.

Традиционалната државна награда „23. Октомври“, за достигнувања во разни области, оваа година нема да биде доделена. Оваа одлука е донесена на владина седница по предлог на Министерството за култура, поради тоа што на комисијата за доделување на оваа награда ѝ завршил мандатот во февруари годинава.

На 23. октомври 1893, во Солун беше формиран Македонскиот револуционерен комитет, од кој подоцна произлезе Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО), која се бореше за ослободување на Македонија.

По тој повод, 23. октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Овој ден се празнува од 2007 година, кога беше донесен и изгласан новиот Закон за државните празници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın