политика

МВР: До Министерство за правда е доставено известување за Бошкоски и Грујевски

Од МВР наведуваат дека известувањето веднаш е испратено до Министерството за правда на Република Македонија, за тоа да ги достави сите потребни документи за екстрадиција

Admir Fazlagic  | 19.10.2017 - Обновена : 20.10.2017
МВР: До Министерство за правда е доставено известување за Бошкоски и Грујевски

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Македонија (МВР) вечерва соопшти дека доби известување од Интерпол-Атина, дека лицата Никола Бошкоски и Горан Грујевски од Македонија коишто се бараа со меѓународна потернција се приведени во Солун, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска доби известување од Интерпол-Атина дека лицата Никола Бошкоски и Горан Грујевски, кои се бараа со меѓународна потерница, вчера, во среда, се приведени во Солун", информираше МВР.

Од МВР наведуваат дека известувањето веднаш е испратено до Министерството за правда на Република Македонија, за тоа да ги достави сите потребни документи за екстрадиција.

Претходно, грчката полиција за AA потврди дека двајца полициски службеници од Македонија кои се наоѓаат на црвената листа на барани лица, се фатени во грчкиот град Солун.

Грчката полиција соопшти дека двете лица, на возрасот од 51 и 35 години, полициски службеници кои се бараат од страна на Македонија со црвена листа на Интерпол, се фатени на меѓународниот аеродром „Македонија" во Солун.

Според соопштеното, лицата се бараат поради кривичните дела „илегално прислушување" и „учество во криминална група", биле приведени во Полициската дирекција во Солун поради фалсификувани документи.

Горан Грујевски и Никола Бошковски, двајцата поранешни началници во МВР, од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се обвинети во предметите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.

Двајцата од 18 јули оваа година, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, беа недостапни за надлежните органи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.