Турција

Медведев: Црноморскиот регион е наше заедничко богатство

Премиерот на Русија, Дмитри Медведев, во Истанбул изјави дека Црноморскиот регион е заедничко богатство и дека сакаат тоа подрачје да го доведат во состојба на стабилност и благосостојба

Meltem Bulur  | 22.05.2017 - Обновена : 23.05.2017
Медведев: Црноморскиот регион е наше заедничко богатство Arif Hüdaverdi Yaman/AA

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Премиерот на Русија, Дмитри Медведев, во Истанбул изјави дека Црноморскиот регион е заедничко богатство и дека сакаат тоа подрачје да го доведат во состојба на стабилност и благосостојба, јавува Anadolu Agency (AA).

По повод 25. годишнина од основањето на Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC), која брои 12 постојани членки, во Истанбул се одржува самит на лидерите.

Медведев укажа дека пред нив се наоѓа важен период и дека се разговарало и околу тоа што може да се направи во иднина.

Рускиот премиер потсети дека постои механизам за заедничко дејствување на BSEC, и дека организацијата продолжува да соработува во многу сектори. Медведев изјави дека во секторот трговија би можеле да се постават амбициозни цели, но укажа и на падот на обемот на трговијата во рамките на BSEC.

„Тука имаат влијание надворешните фактори, но причината во значајна мера е поврзана со недостаток на инвестиции. Сите посветуваме внимание на тоа да се зголеми обемот на трговијата и инвестициите. Секојa земја има можност кога станува збор за соработката. Присуствуваме на процеси за олеснување на трговијата”, изјави Медведев.

Тој смета дека е можно да се разбуди регионалната соработка на организацијата, и укажа на неопходноста од постоење на сопствени финасиски извори. Според него, постојат големи проекти во рамките на BSEC на билатерално ниво, но недоволен е бројот на тие проекти.

Освен тоа, тој укажа дека се важни развојот на модерната технологија и информациската инфраструктура, зголемувањето на комуникациските мрежи, отворање на нови рути и развојот на патиштата во Црноморскиот регион.

Тој потсети дека на крајот на самитот ќе биде објавена декларација во којашто ќе бидат содржани моменталните приоритети и цели, и дека Руската Федерација ја поддржува таа декларација.

„Црноморскиот регион е наше заедничко богатство. Сакаме овој регион да го доведеме во состојба да биде регион на стабилност и на благосостојба. Сакаме нашето соседство на море да го доведеме во состојба да биде корисно за економијата. Имаме можност да го сториме тоа”, порача Медведев.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın