Турција

Невреме во Истанбул: Поплавени се патиштата, сообраќајот се одвива отежнато

Многу крстосници останаа под вода, која влегуваше и во градските автобуси. Станиците за метро и за градските автобуси се поплавени, а отежнато е одвивањето и на авиосообраќајот

Halil İbrahim Başer, Hüseyin Kulaoğlu  | 18.07.2017 - Обновена : 19.07.2017
Невреме во Истанбул: Поплавени се патиштата, сообраќајот се одвива отежнато

Istanbul

ИСТАНБУЛ (AA) - Поради невремето што донесе обили врнежи од дожд, Евроазискиот тунел во Истанбул е привремено затворен за сообраќај, а Центарот за вонредни ситуации на Истанбул предупреди за можни поплави и водени стихии, јавува Anadolu Agency (AA).

Невремето неповолно се одрази на животот во градот на Босфорот и предизвика отежнато одвивање на сообраќајот.

Врнежите почнаа во текот на ноќта, а се очекува тие да се интензивираат во текот на денот. Во вечерните часови би можело да дојде до невреме, а очекуваната количина на врнежи е помеѓу 30 и 65 литри на квадратен метар.

Поради поголемите количини вода на одредени коловози, возилата не можат да се движат, а отежнато е и одвивање на јавниот сообраќај.

Многу крстосници останаа под вода, која влегуваше и во градските автобуси. Станиците за метро и за градските автобуси се поплавени, а отежнато е одвивањето и на авиосообраќајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın