Турција

(Обновено) Неутрализирани 34 терористи на ПКК во северен Ирак

Турската војска соопшти дека воздушната операција била изведена во регионот Зап во северениот дел на Ирак

Ekipa  | 20.02.2017 - Обновена : 21.02.2017
(Обновено) Неутрализирани 34 терористи на ПКК во северен Ирак

Ankara

АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили соопштија дека во втората воздушна операција изведена денес во северниот дел на Ирак, турските авиони неутрализирале уште 23 терористи на ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).

Турската војска соопшти дека воздушната операција била изведена во регионот Зап во северениот дел на Ирак.

Претходно во текот на денот, турската војска спроведе воздушна операција во истата област, при што беа убиени 11 терористи на ПКК.

Над 1.200 лица, вклучувајќи ги безбедносните сили и цивилите, ги загубија своите животи откога ПКК (прогласена за терористичка организација од страна на Турција, САД и ЕУ) ја продолжи својата вооружена кампања во јули 2015 година.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.