свет

Објавен новиот владин состав на Велика Британија

На предвремените општи избори што минатата недела се одржаа во Велика Британија, Тереза Меј, лидер на Конзервативната партија, го формираше новиот владин кабинет

İnci Gündağ  | 12.06.2017 - Обновена : 13.06.2017
Објавен новиот владин состав на Велика Британија

London

ЛОНДОН (АА) - На предвремените општи избори што минатата недела се одржаа во Велика Британија, Тереза Меј, лидер на Конзервативната партија, го формираше новиот владин кабинет, јавува Anadolu Agency (AA).

На овие избори, Конзервативната партија освои 318 пратеници, што не е доволно за формирање самостојна влада. Тереза Меј, лидерката на оваа партија и владин мандатар, се обидува да формира малцинска влада и во таа насока го објави новиот владин кабинет на Британија.

Може да се забележи дека голем број министри од пред изборите, се наоѓаат и во новиот владин состав. Британскиот печат пренесе дека „блискиот пријател и партнер на Меј“, Демијан Грин, поранешен министер за труд и пензии, именуван е за вицепремиер. Вниманието го привлече Мајкл Гов, кој во периодот 2010 - 2016, кога конзервативната партија беше на власт, извршуваше најразлични должности во владата. Во новиот владин состав, Гов ќе биде поставен на местото министер за животна средина, храна и рурални работи.

Листата на министри од Конзервативната партија:

премиер - Тереза Меј

вицепремиер - Демијан Грин

министер за финасии - Филип Хамонд

министер за внатрешни работи - Амбер Руд

министер за надворешни работи - Борис Џонсон

министер за одбрана - Мајкл Фелон

министер за Брегзит - Дејвид Дејвис

министер за здравство - Џереми Хант

министер за правда - Дејвид Лидингтон

министер за образование, жени и еднаквост Џастин Грининг

министер за меѓународна трговија - Лијам Фокс

министер за бизнис, енергетска и индустриска стратегија - Грег Кларк

министер за животна средина, храна и рурални работи - Мајкл Гов

министер за транспорт - Крис Грејлинг

министер за заедници и локалната самоуправа - Саџид Џавид

министер за меѓународен развој - Прити Пател

министер за труд и пензија - Дејвид Гок

министер за култура, медиуми и спорт - Карен Бредли

министер на Шкотска - Дејвид Мундел

министер на Велс - Алан Кернс

министер на Северна Ирска - Џејмс Брокеншир

лидер на Долниот дом - Андреа Лидсом

лидер на Домот на лордовите - бароницата Натали Еванс

Гевин Вилијамсон ќе ја извршува функцијата „Chief Whip“, контролирајќи дали во рамките на партијата сѐ се спроведува во согласност со одлуките на лидерот на партијата.

- „Работата ќе биде фокусирана на социјалните прашања“ -

По објавувањето на составот на владиниот кабинет, премиерката Тереза Меј им се обрати на претставниците на медиумите во Велика Британија, изјавувајќи дека владата својата работа ќе ја фокусира на решавањето на социјалните прашања. Премиерката Меј потсети дека следната недела започнуваат средбите со Брисел за Брегзит, и дека владата на народот ќе му претстави успешен Брегзит.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.