свет

Околу 40 илјади африкански бегалци принудени на депортација или затвор во Израел

Околу 40.000 африкански бегалци кои моментално се наоѓаат во Израел се принудени да изберат меѓу затвор во тааа земја или патување чиј крај е неизвесен

Eddie Gerald, Zeynep Özyol  | 17.02.2018 - Обновена : 18.02.2018
Околу 40 илјади африкански бегалци принудени на депортација или затвор во Израел

Israel

ТЕЛ АВИВ (АА) – ЕДИ ГЕРАЛД – Околу 40.000 африкански бегалци кои моментално се наоѓаат во Израел се принудени да изберат меѓу затвор во тааа земја или патување чиј крај е неизвесен, пишува Anadolu Agency (AA).

Еден од нив е Халофом Султан од Еритреја. Тој пред седум години бил принуден да ја напушти неговата сопруга и две деца поради што неговиот живот бил во опасност.

Плаќајќи им 3.500 долари на трговците со луѓе, првин од неговата земја преминал во Етиопија која во тој период беше во војна, а потоа преминал во Судан каде има граѓанска војна.

За трговците, после Судан постојат две опции, и тоа, поминување преку пустината Сахара која е полна со опасности, да се премине во Либија а потоа во Европа. Другата опција е преку Египет да се премине во Израел. Трговците со луѓе ја избрале втората рута за Султан.

„Не можев да бирам помеѓу Израел и Европа, туку единствениот избор кој тогаш го имав беше да го напуштам Судан, и на некој начин пристигнав во Израел“, рече тој.

34-годишниот Султан како повеќе Африканци во Израел избегал од притисокот во неговата земја. За време на студиите на универзитет, на кој студирал историја, учествувал на антивладини протести, а потоа повеќе пати бил приведуван, и добил закани по живот.

Поради историјата на Израел, полна со проблеми и присилни миграции, тој се надевал дека во оваа земја ќе наиде на топол пристап, но како што рече тој, од израелските власти доживеал дискриминација и омраза.

„Повеќето од Израелците всушност не се толку против бегалците или не доживувам омраза во општеството, но, она што го видов во владата и полицијата, како и кај некои луѓе кои ги поддржува израелската влада, негуваат голема омраза кон бегалците, а посебно кон црномурестите Африканци", раскажа Султан.

Израелскиот парламент во декември 2017 година усвои закон кој овозможува присилно депортирање на бегалците од земјата.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во изјава минатиот месец, истакна дека таквите мерки се потребни за граничната безбедност, со кои нема да ја дозволуваат илегалната миграција, и дека тие кои се ‘инфилтрирани’ во Израел ќе бидат депортирани.

Израел на бегалците им овозможува опции како напуштање на земјата за 3.500 долари и бесплатна карта за враќање во нивната земја или во некоја трета земја, или пак казна затвор од неизвесно време во случај да останат во земјата. Тие кои до 31 март нема да прифатат за излезат од Израел, од тој датум ќе бидат во затвор.

Според податоците на Центарот за развој на африканските бегалци во Израел, оние кои ќе бидат депортирани се претежно лица кои во период од 2006 до 2012 година бегајќи од војните и масакрите во земјите како Еритреја и Судан, дошле во оваа земја.

И во случај да бидат испратени во некоја треба земја, повеќето од бегалците се плашат дека ќе бидат вратени во нивните земји од кои избегале претходно, како и дека ќе бидат убиени таму.

Пред усвојување на овој закон, околу 20.000 лица во последните 4 години биле депортирани во рамките на „програмата за доброволно напуштање“ на Израел.

Вестите кои доаѓаат од нив ги зголемуваат стравовите на оние кои моментално ги чекаат нивните судбини како Халофом Султан.

„На еден кој беше депортиран од Израел, му беше отсечена главата од страна на ДЕАШ во Либија, некои станаа робови, некои пристигнаа до Медитеранот, а само неколку до Европа“, нагласи Султан.

Халофом Султан долго време работеше градежништво во Израел каде веќе седум години не може да добие статус на мигрант.

Моментално работи во еден народен центар за образование основан за бегалците од Еритреја во Израел. Неговата работа е организирање на бегалците за заедничко мобилизирање.

Но, тој не може да му помогне на неговото семејство. Од неговото бегство од Еритреја, зголемени се притисоците врз неговото семејство, при што неговата сопруга и деца биле принудени да избегаат. Моментално се наоѓаат во еден камп за мигранти во Етиопија. Поради фактот што рутата на неговото бегство била многу опасна, тој не сакал да го изложи на ризик своето семејство. Тој не сака да даде повеќе информации за неговото семејство.

Кога ќе дојде неговиот ред, Султан одлучил за една од двете опции, напуштање на Израел или одење во затвор.

„Би избрал да влезам во затвор. Барем ќе бидам жив“, вели Султан.

Еврејски организации кои мислат дека оваа практика е против верските вредности, како и адвокатите за човекови права во Израел, се против овој закон, но особено поддржувачите на десничарската партија сакаат да бегалците да бидат депортирани.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.