свет

Паника во редовите на ПЈД/ПКК во Африн: Цивилите под голем притисок

Тeрористите веќе трет ден присилно ги водат младите на фронтовите во Африн, и во знак на протест поради подготовката на акцијата на турската војска им наредија на локалните бизнисмени да ги затворат своите продавници

Ekipa  | 17.01.2018 - Обновена : 17.01.2018
Паника во редовите на ПЈД/ПКК во Африн: Цивилите под голем притисок

Azaz

АЗАЗ/АНКАРА (АА) - Во изминатите два дена, терористичката организација ПЈД/ПКК присилно вооружи и на првите фронтови испрати околу 130 момчиња, а најави и присилно затворање на сите продавници во Африн како знак на протест поради подготовките на турската војска во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).

Доверливи извори за АА од теренот јавуваат дека терористите на ПЈД/ПКК во знак на протест поради подготовката на турската воена операција вршат голем притисок врз цивилното население во сириското погранично подрачје на Африн.

Терористите, во изминатите 48 часа приведоа околу 80 момчиња во центарот на Африн и 50 момчиња во местото Раџо. Без никаква воена обука, притворените млади лица на возраст меѓу 19 и 30 години беа вооружени и испратени на првите фронтови.

Многу семејства во Африн ги кријат момчињата во своите домови со цел да го избегнат нивно заробување и носење на бојното поле.

Терористите на ПЈД/ПКК и во изминатите години на сириската војна присилно ги вооружуваа и на фронтовите водеа илјадници млади, меѓу кои и девојки, а локалното население во повеќе наврати протестираше.

Паралелно со тоа, терористите денес им наредија на сите сопственици на продавници и занаетчиски дуќани во Африн да ги затвораат во знак на протест поради подготвувањето на акцијата на турската војска. На непослушните приватни сопственици, терористите им се заканија со остри казни.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година, без судири им ја препуштија контролата врз Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Тој стана еден од главните центри на оваа терористичка организација.

Терористите од Африн претставуваат закана и за цивилите во соседните сириски градови, кои од терористите на ДЕАШ беа ослободени со офанзивата „Штитот Еуфрат“, вклучувајќи го Идлиб, кој беше прогласен за зона без судири.

Турција со претходната офанзива „Штитот на Еуфрат“ ги оддалечи терористите на ДЕАШ од своите граници, а со цел да го спречи ширењето на терористите на ПЈД/ПКК долж пограничниот појас, го најави Африн како следна цел.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, пред два дена рече дека турските сили ги завршиле подготовките и дека офанзивата може да започне во секој момент.

Ова предизвика голема паника во редовите на терористите на ПЈД/ПКК, кои ги интензивираа активностите во засолништата на планинските падини околу Африн. 

Терористите поставија и голем број упоришни точки во самиот град, за да можат локалните цивили да ги користат како штит. Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириската граница со Турција. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın