свет

Пентагон: ПЈД/ЈПГ ќе останат без поддршка доколку тргнат кон Африн

Пентагон соопшти дека елементите на ПЈД/ЈПГ на североистокот на Сирија ќе останат без поддршка на САД доколку тргнат кон Африн

Kasım İleri  | 23.01.2018 - Обновена : 24.01.2018
Пентагон: ПЈД/ЈПГ ќе останат без поддршка доколку тргнат кон Африн

Washington DC

ВАШИНГТОН (AA) - Пентагон соопшти дека елементите на ПЈД/ЈПГ на североистокот на Сирија ќе останат без поддршка на САД доколку тргнат кон Африн, јавува Anadolu Agency (AA).

На прашањето на новинарот на АА за тоа дека се појавија тврдења дека конвои на ПЈД/ПКК од Камишли тргнале во акција за да дадат поддршка на милитантите на ПЈД/ЈПГ во Африн, Адриан Ранки Галовеј, гласноговорникот на Пентагон, изјави дека односот на САД кон СДГ, параванот на ПЈД/ПКК, не е во вид на команда и контрола.

„Ние на силите, кои ја водат операцијата против ДЕАШ, пружаме обука и поддршка и им даваме совети. Не издаваме никакви наредби на силите на теренот. Нашиот однос кон нив не е таков. Сепак, доколку направат некоја воена операција која не е насочена против ДЕАШ, ќе ја загубат поддршката на колицијата", рече Галовеј.

„Да речеме дека единицата ЈПГ на североистокот на Сирија каже дека повеќе нема да војува против ДЕАШ, и дека одат да ги поддржат браќата во Африн, тогаш ќе останат осамени.Тогаш веќе не би можеле да бидат наши партнери", рече Галовеј.

Додаде дека тоа не се однесува само на подрачјето каде се наоѓа ЈПГ, туку и на другите подрачја во Сирија. Истакна дека САД на партнерите во Сирија им испрати оружје за да се користи само во рамките на борбата против ДЕАШ, нагласувајќи дека Вашингтон ќе преземе мерки доколку спомнатото оружје биде користено за други цели.

„Во случај да утврдиме дека опремата се користи надвор од борбата против ДЕАШ, ќе преземеме соодветни мерки, вклучувајќи и запирање на помошта", рече гласноговорникот на Пентагон.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın