свет

По потегот на САД за Кудс, притворени се 260 Палестинци

Вкупно 60 Палестинци се уапсени во рации во текот на ноќта во Западниот брег

Mahmoud Barakat  | 13.12.2017 - Обновена : 14.12.2017
По потегот на САД за Кудс, притворени се 260 Палестинци (Foto: Issam Rimawi / AA)

Palestinian Territory

РАМАЛА (АА) - Израелските сили притворија 260 Палестинци откако американскиот претседател Доналд Трамп официјално го призна Кудс за главен град на Израел минатата недела, се вели од палестинска невладина организација, јавува Anadolu Agency (AA).

„Израелската армија притвори 260 Палестинци по донесената одлука на Трамп“, се соопштува од палестинското Здружение на затвореници денес.

Вкупно 60 Палестинци се уапсени во рации во текот на ноќта во Западниот брег, се вели од Здружението, додавајќи се дека меѓу притворените лица се наоѓале осум деца од Кудс.

Претходно во текот на денот, синот на високиот лидер на Хамас, Хасан Јусеф за АА рече дека неговиот татко бил притворен за време на рација од Израел во Рамала.

Според официјалната палестинска бројка, околу 6.400 Палестинци се задржани во затвори и притворни кампови ширум Израел.

Кудс останува во сржта на израелско-палестинскиот судир, а Палестинците се надеваат дека источен Кудс, кој моментално е под окупација на Израел, ќе биде главен град на идната палестинска земја.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.