свет

Повик од ОН до Мјанмар: „Дозволете да се достави помош“

Стефан Дујариќ, портпарол на генералниот секретар на ОН изјави дека активностите на Обединетите нации и на другите хуманитарни организации во северниот дел на Аракан се или суспендирани или сериозно попречени

Mustafa Keleş  | 13.09.2017 - Обновена : 14.09.2017
Повик од ОН до Мјанмар: „Дозволете да се достави помош“

New York

ЊУЈОРК (АА) - Стефан Дујариќ, портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации изјави дека активностите на Обединетите нации и на другите хуманитарни организации во северниот дел на Аракан се или суспендирани или сериозно попречени, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот Дујариќ на прес-конференција изјави дека поголемиот дел од 370.000 Рохинџа (аракански муслимани) кои избегаа во Бангладеш се сместуваат во импровизирани засолништа, и додаде дека властите од Бангладеш побарале помош од ОН за изградба на кампови за бегалците.

Тој соопшти дека со авион за помош на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) и авион на Обединетите Арапски Емирати, во градот Кокс Базар во Бангладеш е испорачана хуманитарна помош за 25.000 лица и додаде дека се подготвуваат за транспорт на хуманитарна помош за уште 120.000 лица.

Дујариќ истакна дека Светската програма за храна во Бангладеш испорачала намирници за 130.000 лица, а преку границата во Мјанмар не може да се испорача храна.

- „Дозволете да се достави помош“ -

„Активностите на Обединетите нации и на другите хуманитарни организации во северниот дел на Аракан се или суспендирани или сериозно попречени“, рече Дујариќ и истакна:

„ОН и останатите организации ја даваат својата поддршка за Владата на Мјанмар и бараат да може да се испорача хуманитарна помош во загрозените подрачја. Продолжуваме со средбите со владините претставници, со цел во најкус временски период повторно да се започне со испорака на хуманитарната помош“.

Портпаролот Дујариќ ја изрази својата загриженост поради информациите во коишто се наведува дека во подрачјето на Радедунг насилствата сѐ уште траат, се подметнуваат пожари и сето тоа е причина за раселување на десетици илјади луѓе.

Тој ја повтори и изјавата на генералниот секретар Антонио Гутереш, за опасноста од етничко чистење, додавајќи дека фотографиите што доаѓаат од подрачјето се грозоморни и потребно е меѓународната јавност да им даде многу поголема поддршка на Рохинџите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.