свет

Поддршката на САД за Израел ја одбележа конференцијата АИПАК

Конференцијата АИПАК 2017, која се смета за најголем собир на произраелските движења во САД, започна во неделата и заврши денес, по 3-дневните сесии

Hakan Çopur  | 29.03.2017 - Обновена : 29.03.2017
Поддршката на САД за Израел ја одбележа конференцијата АИПАК

Washington

ВАШИНГТОН (АА) – Потпретседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Пенс, како и постојаниот претставник на САД во Обединетите нации (ОН), Ники Хејли, кои учествуваа на Годишната конференција на Американско-израелскиот комитет за односи со јавноста (АИПАК) за 2017 година, којашто се одржа во САД, ја изразија безусловната поддршка на администрацијата на Трамп за Тел Авив, јавува Anadolu Agency (AA).

Конференцијата АИПАК 2017, која се смета за најголем собир на произраелските движења во САД, започна во неделата и заврши денес, по 3-дневните сесии.

На конференцијата привлекоа внимание говорите на Пенс и на Хејли, во кои тие упатија пораки за безусловна и силна поддршка за администрацијата на Израел, додека во преден план излезе благодарноста што кон претседателот на САД, Доналд Трамп, ја изрази премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, кој преку видеоконференциска врска се вклучи во состанокот.

„По неколку децении коишто поминаа само во зборување, претседателот на САД сериозно го разгледува преместувањето на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим“, истакна потпретседателот Пенс, кој привлече внимание со својот говор, нагласувајќи дека Израел е неопходен сојузник на САД.

- Порака од Хејли до Израел: „Со вас сме“ -

„Поминаа тие денови кога Израел можеше да биде навредуван“, истакна Хејли, една од личностите на кои израелското лоби им дава најголема поддршка, а за тоа доби силен аплауз од присутните во салата.

Хејли истакна дека антиизраелската одлука којашто беше донесена во Советот за безбедност на ОН, во периодот на крајот од мандатот на претходниот претседател, Барак Обама, ги покажа САД како прилично слаби, и рече: „Никогаш повторно нема да се случи тоа што го видовме во резолуцијата 2334, и никој нема да ја преиспитува нашата поддршка за Израел“.

Хејли нагласи дека САД повторно започна да ги води ОН, и дека уште еднаш нема да се донесе слична одлука како таа. Тој рече дека ќе ги бараат тие што работат против Израел.

„Ова можете да го видите и во буџетот што претседателот Трамп го побара; додека финансиските мерки за штедење се во пораст, се гледа дека воената помош за Израел е целосно заштитена“, истакна во својот говор Нетанјаху, кој ден претходно преку видеоконференција се поврза на конференцијата во Тел Авив, и укажа на поддршката на администрацијата на Трамп во многу области.

Во неделата се одржаа протести пред зградата каде што се одржуваше состанокот, како и пред Белата куќа. Стотици демонстранти кои протестираа против АИПАК извикуваа пароли против Израел и за Палестина. Демонстрантите реагираа против учесниците на АИПАК, и побараа Израел да ги признае правата на Палестинците, како и можно дводржавно решение.

На минатогодишната конференција на АИПАК во 2016 учествуваше тогашниот кандидат за претседател на САД, републиканецот Трамп, и вети целосна поддршка на администрацијата на Израел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın