Турција

Полицијата во Истанбул заплени тон марихуана, приведени се седум лица

Врз основа на разузнавачки сознанија, полицијата утринава пресретнала шлепер кој од Дијарбакир пренесувал суровина за производство на пластика

Halil Demir  | 15.02.2017 - Обновена : 15.02.2017
Полицијата во Истанбул заплени тон марихуана, приведени се седум лица

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Полицијата во центарот на Истанбул утринава заплени тон марихуана и приведе седум осомничени лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Врз основа на разузнавачки сознанија, полицијата утринава пресретнала шлепер кој од Дијарбакир пренесувал суровина за производство на пластика.

Пресретнувањето на камионот е извршено во населбата Пендик, а специјалните кучиња трагачи меѓу 12-те тони суровина за пластика пронајдоа и тон скриена марихуана.

Првичните резултати на истрагата укажуваат на тоа дека марихуаната била наменета за црниот пазар во Истанбул.

Полицијата приведе седум осомничени лица, меѓу кои и возачот на камионот, а сите се предадени на надлежните органи за понатамошно процесуирање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın