свет

Портата на Дамаск - симбол на палестинскиот отпор во Кудс

Станува збор за една од седумте порти на оградениот со ѕидини Стар град Кудс, која води кон комплексот Ал Акса. Директно води кон патот за Хеброн но и кон сириската престолнина Дамаск, па често се нарекува и Дамаска или Хебронска порта

Mahmut Geldi  | 14.12.2017 - Обновена : 15.12.2017
Портата на Дамаск - симбол на палестинскиот отпор во Кудс Mostafa Alkharouf/AA

Quds

КУДС (АА) - ХЕНАДИ КАВАШИМИ - Баб ал-Амуд или Портата на Дамаск, е една од главните влезови во оградениот со бедеми Стар град во окупираниот Источен Кудс, а како и многупати во минатото стана главно место за палестинските демонстрации откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Кудс за главен град на Израел и нареди преместување на амбасадата од Тел Авив во Кудс, јавува Anadolu Agency (AA).

Станува збор за една од седумте порти на оградениот со ѕидини Стар град Кудс, која води кон комплексот Ал Акса. Директно води кон патот за Хеброн но и кон сириската престолнина Дамаск, па често се нарекува и Дамаска или Хебронска порта.

Во периодот на османското владеење беше главна порта кон Ал Акса, а за време на британската окупација беше место на погубување на палестинските бунтовници. Во изминатите години Портата на Дамаск е средиште на голем број политички и општествени манифестации.

Позната како место на кое Палестинците често одржуваат масовни протести, како најмасовните собири одржани по повод палестинската поддршка на антирежимските движења во арапскиот свет, односно Арапската пролет, потоа по повод поддршката на палестинските затвореници во Израел и по повод израелската илегална политика на населување на Евреите на палестинската земја.

Некогаш тоа беше и палестински пазар, но израелските локални власти го забранија тој вид на активност и во изминатите две години израелските безбедносни сили убија десетици Палестинци поради наводен обид за напад со ладно оружје.

Историчарот од Кудс, Мухамед Мустафа за АА изјави дека Портата на Дамаск со време станала симбол на палестинскиот политички и општествен отпор, а како таква беше и место на првите протести поради последната американска одлука за Кудс.

Мустафа исто така истакна дека израелските безбедносни сили се многу присутни на тоа подрчаје и дека често со употреба на сила го спречуваат собирањето на Палестинците пред Портата на Дамаск.

„Таков случај беше и по последната американска одлука за Кудс, кога израелската полиција го спречи задржувањето на палестинските студенти пред Дамаската порта. Тоа подрачје е покриено и со видео надзор“, изјави Мустафа.

Историчарот Јусуф ал-Нетше потсетува дека станува збор за порта која е изградена во периодот на Римската империја, а дека бедемите и портите денешниот изглед го добиле со рестарвацијата којашто во 16. век ја наредил османлискиот султан Сулејман Величенствениот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın