свет

Првиот состанок во Белата куќа Трамп ќе го одржи со Тереза Меј

Меј денес изјави дека на првата средба со Трамп, која ќе се одржи в петок, ќе ја нагласи важноста на НАТО и на слободната трговија

Ekipa  | 22.01.2017 - Обновена : 23.01.2017
Првиот состанок во Белата куќа Трамп ќе го одржи со Тереза Меј

London

ЛОНДОН (АА) - Британската премиерка Тереза Меј, наредната недела ќе престојува во официјална посета на Вашингтон, каде ќе разговара со претседателот Доналд Трамп, што претставува прва официјална средба на американскиот лидер со некој странски лидер во Белата куќа, пренесува Anadolu Agency (AA).

Меј денес изјави дека на првата средба со Трамп, која ќе се одржи в петок, ќе ја нагласи важноста на НАТО и на слободната трговија. Како што изјави таа, се радува на јакнењето на посебните односи меѓу САД и Велика Британија.

Во изјавата за Би-би-си, британската премиерка истакна дека администрацијата на Трамп е заинтересирана за добар трговски договор со Велика Британија, и покрај изјавата дека во сржта на неговата политика ќе биде целосната посветеност на САД.

Меј исто така истакна дека Трамп го цени НАТО, иако во неколку наврати критички говорел за Алијансата.

Таа додаде дека нема да се плаши на американскиот претседател да му каже доколку изјави нешто што е неприфатливо, доколку изнесе непримерен коментар, особено за жените.

„Веќе напоменав дека некои коментари кои Доналд Трамп ги изнесе во врска со жените се неприфатливи, а за некои од тие коментари и тој самиот се извини”, кажа Меј.

Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, вчера ја најави средбата меѓу Трамп и мексиканскиот претседател Енрике Пења Нијето за 31 јануари, а медиумите наведуваат дека двете официјални лица ќе разговараат за трговијата, миграциите и безбедноста.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın