свет

Предупредување од Русија до САД: „Не си играјте со оган во Сирија“

„САД преземаат чекори за поделба на Сирија, користејќи ја терористичката организација ПЈД/ПКК. Ги повикуваме САД да не си играат со оган“

Emre Gürkan Abay  | 19.02.2018 - Обновена : 20.02.2018
Предупредување од Русија до САД: „Не си играјте со оган во Сирија“

Moskva

МОСКВА (AA) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, истакна: „Соединетите Американски Држави (САД) преземаат чекори за поделба на Сирија, користејќи ја терористичката организација ПЈД/ПКК. Ги повикуваме САД да не си играат со оган“, јавува Anadolu Agency (AA).

Лавров на сесијата „Русија, на Блискиот Исток: Улогата во сите фази“ организирана од Клубот за дискусии „Валдај“ во Москва, ги оцени неодамнешните случувања во Сирија.

Лавров, критикувајќи ги чекорите на САД преземени во Сирија, го изјави следното: „САД во одредени области, во источниот дел на границата на реката Еуфрат, Сирија, Турција и Ирак, работи против Сирија. Мислам дека има потреба за повторно потврдување на фактот дека единствената цел на САД во Сирија е да се бори против ДАЕШ“.

Исто така, Лавров ги повика САД да не преземаат краткорочни чекори кон дневните политички потреби во Сирија. „САД преземаат чекори кон поделба на Сирија користејќи ја терористичката организација ПЈД/ПКК. Ова беше причина за заострување на односите со Турција. Ги повикуваме САД да не си играат со оган. Ги повикуваме да преземат чекори што ќе бидат од долгорочен интерес за сирискиот народ, вклучувајќи ги и Курдите“, наведе тој.

„Ние сметаме дека не е добро Курдите да бидат користени од некои играчи за нивните геополитички цели“, рече тој за време на говорот, советувајќи го лицето што се појави на конференцијата со контроверзен слоган со кој ја поддржува терористичката организација ПКК.

„Сметаме дека САД имаат бегалски камп во безбедносната зона околу Ел Танф и дека овој камп се користи за обука на нови милитанти“, рече Лавров и додаде дека САД веднаш треба да ги повлечат војниците од југот на Сирија и дека оваа зона мора веднаш да биде затворена и да биде дозволена хуманитарната помош.

- „Загриженоста на Турција е разбирлива“ -

Говорејќи на сесијата, иранскиот министер за надворешни работи, Мухамед Џевад Зариф, истакна дека ја разбира загриженоста на Турција во врска со чекорите на САД во Сирија.

„САД преземаат тесни геополитички и геоекономски чекори во Сирија. Во исто време, за жал, злоупотребуваат дел од курдското население. Оттука, разбирлива е грижата на Турција за чекорите што се преземени од страна на САД во Сирија“, вели Зариф.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın