свет

Премиерот на Ирак од војската бара заштита на животите на сите во Киркук

Ирачкиот премиер, Хајдар ал-Абади, им нареди на безбедносните сили да ги заштитат животите на сите во Киркук, во северниот дел на земјаta, каде што синоќа беше покрената операција

Haydar Hadi  | 16.10.2017 - Обновена : 16.10.2017
Премиерот на Ирак од војската бара заштита на животите на сите во Киркук

Baghdad

БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер, Хајдар ал-Абади, им нареди на безбедносните сили да ги заштитат животите на сите во Киркук, во северниот дел на земјата, каде што синоќа беше покрената операција, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што објави ирачката државна телевизија, Абади од вооружените сили побарал воспоставување на соработка со локалното население и со курдските сили пешмерги на тоа подрачје.

Агенцијата за безбедност на Регионалната курдска управа во северен Ирак соопшти дека ирачките безбедносни сили покренале операција со цел преземање контрола над нафтените извори и воените бази од силите пешмерги во северниот дел на земјата.

Во соопштението е наведено дека цел на ирачката војска е влез во градот Киркук и заземање на базата во која се сместени курдските сили пешмерги и заземање на нафтените извори.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın