свет

Расте бројот на загинати во нападот во Сомалија, досега над 230 настрадани

Вчерашната експлозија на камион натоварен со експлозив во центарот на Могадишу се смета за најкрвавиот терористички напад во историјата на Сомалија

Ekipa  | 15.10.2017 - Обновена : 16.10.2017
Расте бројот на загинати во нападот во Сомалија, досега над 230 настрадани

Mogadishu

МОГАДИШУ (АА) - Властите на Сомалија соопштија дека балансот на смртно настраданите лица во вчерашниот терористички напад во Могадишу се зголеми на 231, јавува Anadolu Agency (AA).

Сенаторот Абшир Абди Ахмед, по посетата на болницата, изјави дека над 275 лица се повредени. Многу жртви сè уште не се идентификувани.

Вчерашната експлозија на камион натоварен со експлозив во центарот на Могадишу се смета за најкрвавиот терористички напад во историјата на Сомалија.

Локалните извори јавуваат дека меѓу загинатите има најмалку еден новинар, а неколку новинари се наоѓаат меѓу ранетите. Медиумската мрежа „Гласот на Америка“ јавува дека повреден е нејзиниот репортер Абдулкадир Мохамед Абдул.

Досега никој не ја презеде одговорноста за вчерашниот напад во Могадишу, но слични напади во земјата на Рогот од Африка и претходно ги изведуваше терористичката група Ал Шабаб.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın