спорт

Реал Мадрид ја освои титулата на Суперкупот на УЕФА

Реал го совлада Манчестер во натпреварот од Суперкупот на УЕФА на националната арена Филип Втори во Скопје so 2:1 го совлада англискиот клуб, со што по четврти пат во својата клубска историја ја освои титулата на најдобар клуб во Европа

Admir Fazlagic  | 08.08.2017 - Обновена : 10.08.2017
Реал Мадрид ја освои титулата на Суперкупот на УЕФА (Foto: Salih Zeki Fazlıoğlu/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – Реал Мадрид го совлада Манчестер Јунајтед во натпреварот од Суперкупот на УЕФА на националната арена Филип Втори во Скопје сo конечен резултат 2:1, со што по четврти пат во својата клубска историја ја освои титулата на најдобар клуб во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).

На самиот почеток кралскиот клуб ја презеде иницијативата, имаше поголем посед на топката, што на мадриѓаните им донесе повеќе шанси и гол во 23. минута.

Откако топката ја уфрли во шеснаестерецот Карвахал, Касемиро без двоумење со лесен удар ја спроведе топката во противничкиот гол. За потсетување, претходно во 16. минута шанса имаше Касемиро кој ја погоди пречката.

Пред крајот на првото полувреме, во 42. минута, по продир на Лука Модриќ од десната страна, топката дојде до напаѓачот Бензема, кој шутираше кон противничкиот гол, но голманот на Јунајтед успеа да ја одбрани таа топка.

Фудбалерите на Реал продолжија да играат офанзивно, и во 52. минута по пас игра Иско-Бејл, Иско на лесен начин го совлада Де Хеа, голманот на Манчестер.

Играчите на Манчтестер почнаа да играат поконкретно, создавајќи шанси преку контра напади и во 62. минута, по одбиена топла од голманот на Реал, Навас, напаѓачот на „црвените ѓаволи” се најде на вистинското место и го намали водството на 2:1.

Во 82. минута од натпреварот во игра влезе Кристијано Роналдо кого публикагта го поздрави со громогласен аплауз.

Манчестер Јунајтед се обидуваше да напаѓа и најголема шанса имаше напаѓачот Фелаини, кој шутираше со глава но не успеа да го совлада голманот на „кралскиот клуб".

Поставувајќи ги конечните 2:1 Реал Мадрид ја освои четвртата титула од Суперкупот.

За играч на натпреварот е прогласен Иско, фубалерот на шпанскиот клуб.

Атмосферата на арената Филип Втори беше позитивна и навивачка, при што не беа забележани инциденти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.