свет

Русија: Продолжена дозволата за престој на Сноуден

Марија Захарова, портпарол на руското МНР, на социјалната мрежа Фејсбук доцна синоќа објави дека дозволата за престој на Сноуден е продолжена за неколку години

Ekipa  | 18.01.2017 - Обновена : 19.01.2017
Русија: Продолжена дозволата за престој на Сноуден

Moskva

МОСКВА (АА) - Руските власти ја продолжија дозволата за престој на Едвард Сноуден, поранешен разузнавач на САД, кој на јавноста ѝ претстави илјадници тајни документи на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), чијшто вработен беше и тој, јавува Anadolu Agency (AA).

Марија Захарова, портпарол на руското Министерство за надворешни работи, на социјалната мрежа Фејсбук доцна синоќа објави дека дозволата за престој на Сноуден е продолжена за неколку години.

Сноуден живее во Русија од 2013 година, кога заглави во транзитната зона на московскиот аеродром, откако САД неговиот пасош го прогласија за неважечки.

Најавата од Русија доаѓа во време кога американскиот претседател Барак Обама ја промени затворската казна за Челзи Менинг, која беше осудена за објавување на над 700.000 доверливи документи.

Менинг во август 2013 година беше осудена на 35 години затвор и доби отказ од американската војска. Обама вчера ѝ ја промени казната на затвор од седум години од денот на лишувањето од слобода, па од затвор треба да биде ослободена на 17 мај оваа година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın