свет

САД им испорача оружје на терористите на ПЈД: Во Сирија влезе конвој од 100 камиони

Вооружувањето е испорачано во два наврата, на 15. и на 20. мај, кога преку граничниот премин Симелка помеѓу Ирак и Сирија, во регионот под контрола на ПЈД/ПКК влегоа 100 камиони

Ekipa  | 23.05.2017 - Обновена : 24.05.2017
САД им испорача оружје на терористите на ПЈД: Во Сирија влезе конвој од 100 камиони

Ankara

АНКАРА (АА) - САД испорачаа две воени пратки за терористичката организација ПЈД/ПКК, под плаштот на наводната борба против терористите на ДЕАШ на подрачјето на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Испораката на вооружувањето ја забележаа новинарите на АА во Хасеке, а таа се случи само шест дена откако американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша наредбата да му биде доставено оружје на ПЈД, огранокот на терористичката организација ПКК во Сирија.

Вооружувањето е испорачано во два наврата, на 15. и на 20. мај, кога преку граничниот премин Симелка помеѓу Ирак и Сирија, во регионот под контрола на ПЈД/ПКК влегоа 100 камиони.

Во конвојот што од Хасеке тргна понатаму кон Рака, пренесени се танкери, оклопни воени возила, работни машини и контејнери полни со оружје и муниција.

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, за време на неодамнешната посета на САД, каде што се состана со американскиот претседател Доналд Трамп, истакна дека не е прикладно терористичката организација ЈПГ/ПЈД, огранокот на ПКК во Сирија да се прифаќа за соговорник.

ПКК е на листата на терористички организации во Турција, ЕУ и во САД. ЈПГ/ПЈД е сириски огранок на ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın