свет

САД со помош од 364 милиони долари за пешмергите

Командантот на заедничките операции на Соединетите Американски Држави во Ирак, генерал Ралф Бејкер, соопшти дека во текот на наредната година САД на пешмергите ќе им даде помош во висина од 364 милиони долари

İdris Okuducu  | 30.11.2017 - Обновена : 30.11.2017
САД со помош од 364 милиони долари за пешмергите

Erbil

ЕРБИЛ (АА) - Командантот на заедничките операции на Соединетите Американски Држави во Ирак, генерал Ралф Бејкер, соопшти дека во текот на наредната година САД ќе даде помош од 364 милиони долари за пешмергите, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението се вели дека Керим Синџари, министер на Регионалната курдска управа на Ирак за прашањето на пешмергите, остварил средба со Бејкер и со неговата делегација.

Според ова соопштение, американскиот генерал Бејкер за време на средбата истакнал дека неговата земја ќе продолжи да ги вооружува пешмергите, и оти американскиот Конгрес за таа цел ќе издвои 364 милиони долари во наредната година.

Од друга страна, се истакнува дека Синџари упати благодарност до САД и до силите на меѓународната заедница, за нивната помош за пешмергите. Според соопштението, министерот изразил желба коалициските сили да останат во подрачјето на Регионалната курдска управа во северниот дел на Ирак за обучување на пешмергите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.