спорт

Светскиот шампион Гулијев: Салутирав за загинатиот 15-годишен Ерен Буљбуљ

„Пред церемонијата за доделување на медалите дознав дека терористите во Трабзон убиле 15-годишно момче. 'Што би можел да направам?', си размислував, и пред целиот свет, за да го привлечам вниманието, салутирав

Erkan Tiryaki  | 23.08.2017 - Обновена : 24.08.2017
Светскиот шампион Гулијев: Салутирав за загинатиот 15-годишен Ерен Буљбуљ

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Anadolu Agency (AA) разговараше со атлетичарот Рамил Гулијев, кој го освои златниот медал на трката на 200 метри на Светскиот атлетски шампионат во Лондон, со што влезе во историјата на светскиот и турскиот спорт.

Гулијев во почетокот на разговорот рече дека пред церемонијата за доделување на медалите, ја примил веста дека во местото Мачка во Трабзон, терористите на ПКК го убиле 15-годишниот Ерен Буљбуљ.

„Пред церемонијата за доделување на медалите дознав дека терористите во Трабзон убиле 15-годишно момче. 'Што би можел да направам?', си размислував, и пред целиот свет, за да го привлечам вниманието, салутирав. Тоа беше многу тажна вест. Со воениот поздрав сакав да го привлечам вниманието кон него. Нему му го посветив освоениот медал“, рече Гулијев.

- „Знаев дека ќе освојам медал“ -

Турскиот репрезентативец од азербејџанско потекло истакна дека со овој успех го крунисал сиот вложен труд.

Тој истакна дека имал многу добар почеток на сезоната и додаде:

„Овој успех е дело на многу голем труд. Имав многу добар почеток на сезоната. Пред трката реков дека имам можност да освојам медал. При преминот на крајната линија, на екранот погледнав каде се наоѓа моето име меѓу тројцата првопласирани. Многу се израдував кога се видов како прв. Тоа не беше неверојатен успех за мене. Знаев дека ќе успеам и ќе освојам медал. Постојано верував дека ќе успеам“.

- „Се надевам дека ќе продолжам да добивам честитки“ -

Атлетичарот Рамил Гулијев изјави дека е многу среќен за честитката што лично му ја упатил претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Покрај Ердоган, за овој голем успех лично му честитал и претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев.

„Навистина многу ми е драго. Многу сум среќен. Се надевам дека моите резултати ќе бидат уште подобри. Потребно е од моменталниот рејтинг да преминам на следното повисоко ниво. Затоа треба да постигнам уште успеси. Тоа би бил голем поттик за мене. Многу ме израдува пораката од претседателот Ердоган. Ми честиташе и претседателот на Азербејџан, Алијев, и тоа ме направи многу среќен. Се надевам дека ќе постигнам и други успеси и ќе продолжам да добивам честитки. Ова го постигнав за Турција. Многумина ми честитаа на успехот. Им се заблагодарувам на сите“, рече Гулијев.

- „Болт ми посака да продолжам вака“ -

Рамил Гулијев по освојувањето на златниот медал раскажа за кусата средба со Усеин Болт, ѕвездата што своето име го запиша во светската атлетика.

Гулијев истакна дека немал многу можности да се сретне со Болт. „Кога Болт ќе се појави на некое место, неговите обожаватели не го оставаат на мир. Со него можев да зборувам само 2 минути. Ми честиташе и ми посака да продолжам со успесите. Бидејќи Болт не учествуваше на претходните трки, не можеше да се натпреварува во трката на 200 метри. Доколку тој учествуваше во трката, ќе направевме анализа според тоа. Ќе ја разгледавме неговата состојба и ќе направивме процена за тоа како би се натпреварувале со него“, рече Гулијев.

- „Фенербахче ми даде целосна поддршка“ -

Рамил Гулијев изјави дека во Турција пристигнал во 2010 година и оти сино-жолтиот клуб му дал голема поддршка.

Гулијев рече дека кога пристигнал во Турција, имал тригодишна забрана за учество на меѓународни натпреварувања. „Спортист со тригодишна забрана за натпреварување, кој не може да учествува на меѓународната арена и да освои медал. И покрај сѐ, вие нему му давате плата и секоаков вид на поддршка. Не се знае што ќе се случи по 3 години. Од Фенербахче не ме оставија сам и ми ги исполнија сите желби. Тоа е големо нешто за мене. Многу му се заблагодарувам на мојот клуб за тоа“, рече на крајот атлетичарот Рамил Гулијев.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.