свет

Северна Кореја се закани дека ќе се повлече од Зимските олимписки игри

Денешната закана е насочена кон јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, откако тој минатата недела посочи дека подготвеноста на С. Кореја за дијалог може да е произлезена од американскиот притисок за нуклеарното оружје на Пјонгјанг

Ekipa  | 14.01.2018 - Обновена : 15.01.2018
Северна Кореја се закани дека ќе се повлече од Зимските олимписки игри

Seul

СЕУЛ (АА) - Државната новинска агенција на Северна Кореја денес предупреди дека Пјонгјанг може се откаже од учеството на Зимските олимписки игри што треба да се одржат во Јужна Кореја следниот месец, пренесува Аnadolu Agency (AA).

Mинатиот вторник, за време на првите разговори на двете Кореи за повеќе од две години, Севернa Кореја се согласи да испрати делегација од спортисти, официјални претставници и изведувачи на Зимските олимписки игри „Пјонгчанг 2018“ во Јужна Кореја.

Денешната закана е насочена кон јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, откако тој минатата недела посочи дека подготвеноста на Северна Кореја за дијалог може да е произлезена од американскиот притисок во однос на развојот на нуклеарното оружје на Пјонгјанг.

Северна Кореја и понатаму остана непријателски расположена кон САД и при актуелните напори за подобрување на односите со Сеул, обвинувајќи го Вашингтон за предизвикување тензии во регионот.

„Брзоплетите забелешки кои ја потурија со ладна вода фазата за помирување ги запрепастува и ги разочарува луѓето“, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА (KCNA).

Пјонгјанг ја повика владата на Јужна Кореја да размисли длабоко за тоа какви резултати ќе предизвика нејзиното невнимателно однесување и да потсети дека „возот и автобусот што ќе ја носи нашата делегација на Зимските олимписки игри сѐ уште се во Пјонгјанг.

Во меѓувреме, претставниците на двете Кореи треба повторно да се состанат утре изутрина, за да ги продолжат разговорите за деталите во врска со учеството на Северна Кореја на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Северна Кореја ја бојкотираше олимпијадата во Сеул 1988 година, единствената Олимпијада што се има одржано досега на полуостровот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.