Турција

Силен земјотрес во Егејско море: Загинаа две лица, голем број повредени

Земјотрес со јачина од 6.3 степени забележан е во 1,31 часот по локално време на длабочина од 7,8 километри, наведоа од државната Агенција за управување со вонредни ситуации (АФАД)

Ensar Balcı  | 21.07.2017 - Обновена : 21.07.2017
Силен земјотрес во Егејско море: Загинаа две лица, голем број повредени

Ankara

АТИНА/МУГЛА (AA) - Најмалку две лица загинаа на грчкиот остров Кос откако земјотресот со јачина од 6,3 степени го потресе Егејското море во близина на турското и грчкото крајбрежје, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите на грчките власти, загинале туристи од Шведска и Турција. Локалните медиуми наведуваат дека се повредени повеќе од стотина лица.

Гувернерот на Мугла Есенгул Чивелек изјави дека на ова подрачје нема ниту жртви ниту материјална штета.

Земјотрес со јачина од 6.3 степени забележан е во 1,31 часот по локално време на длабочина од 7,8 километри, наведоа од турската државната Агенција за управување со вонредни ситуации (АФАД).

По земјотресот со јачина од 6,3 степени забележани се уште 40 потреси со јачина од три до 4,6 степени. Чивелек истакна дека жителите ноќта ја поминале надвор поради страв и паника. Потврди и дека формирале кризен штаб во овој турски град.

Чивелек појасни дека нема материјална штета, но дека има повредени поради паниката која владеела во текот на земјотресот.









На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın