свет

Сомалија: Бомбашки напад на пазар во Могадишу, 20 загинати

Сведоците велат дека нападот е извршен во период на најголема фреквентност на пазарот

Ekipa  | 19.02.2017 - Обновена : 19.02.2017
Сомалија: Бомбашки напад на пазар во Могадишу, 20 загинати

Mogadishu

МОГАДИШУ (АА) – Бомбашки напад со возило-бомба е извршен во близина на пазар во главниот град на Сомалија, Могадишу, во кој, според првичните сознанија, загинале 20 лица, а десетици се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).

Порпаролот на градот Могадишу, Абдулфеттах ал-Халени, во изјава за медимуите истакна дека камион-бомба експлодирал во близина на пазарот што се наоѓа во источниот дел на Могадишу. Халени понатаму соопшти дека според првичните информации, 20 лица загинале, а десетици се повредени и додаде дека повредените се пренесени во околните болници

Сведоците велат дека нападот е извршен во период на најголема фреквентност на пазарот.

Одговорноста за нападот не ја презеде никој, но доволно внимание привлекува фактот дека нападот е извршен веднаш по изјавата на терористичката организација Ал-Шабаб дека ќе се бори против новиот претседател Мухамед Абдула Фермаџу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.