свет

Средба меѓу шефовите на дипломатија на Италија и Турција во Рим

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари средба во Рим, со својот колега, италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Анџелино Алфано

Barış Seçkin  | 23.11.2017 - Обновена : 23.11.2017
Средба меѓу шефовите на дипломатија на Италија и Турција во Рим

Rim

РИМ (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари средба во Рим, со својот колега, италијанскиот министер за надворешни работи и меѓународна соработка, Анџелино Алфано, јавува Anadolu Agency (AA).

Со цел да учествува на 10. Италијанско-турски форум во Рим, министерот Чавушоглу пристигна во италијанската престолнина и се сретна со својот колега Алфано.

Во Рим, кој е домаќин на Италијанско-турскиот форум, средбата меѓу двајцата министри траеше околу половина час.

На средбата стана збор за турско-италијанските односи, односите ЕУ-Турција, развојот на настаните во Либија, Сирија, Либан и на Средниот Исток и за проблемот со бегалците, со кој се соочуваат и двете земји.

По средбата, двајцата министри присуствуваа на седницата на затворањето на 10. Италијанско-турски форум.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.