политика

Средба Халили-Мета: Севкупната соработка важна за двете земји

Македонскиот вицепремиерот Халили ја истакна поддршката на Собранието на Албанија и на претседателот Мета за севкупната соработка меѓу двете соседни земји и нагласи дека развојот на инфраструктурните проекти е од суштинско значење за двете земји

Malik Hasa  | 28.09.2016 - Обновена : 28.09.2016
Средба Халили-Мета: Севкупната соработка важна за двете земји

Tirana

ТИРАНА (АА) - Претседателот на Собранието на Албанија, Илир Мета денеска се сретна со заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, Фестим Халили, кој беше придружуван од министерката за локална самоуправа, Ширет Елези, јавува Anadolu Agency (AA).

Според писменото соопштение од Собранието на Албанија, претседателот на Собранието, Мета им посака успех на Халили и на Елези во нивната работа и истакна дека: „...брзото решавање на политичката криза на соседната земја е во интерес на Албанија, којашто заедно со Македонија е заинтересирана да соработува на долгорочните проекти за регионална соработка“.

Во рамките на соопштението се истакнува дека политичката стабилност на Македонија придонесува за квалитетот на животот на Албанците во неа, кои имаат дадено позитивен придонес во унапредувањето на евроатлантската интеграција на Македонија.

Од друга страна, вицепремиерот на Македонија, Халили, ја истакна поддршката на Собранието на Албанија и на претседателот Мета во насока на засилувањето на севкупната соработка меѓу двете соседни земји и нагласи дека развојот на инфраструктурните проекти, како коридорот 8, е од суштинско значење за иднината на двете земји.

На крајот на средбата, претседателот на Собранието, Мета истакна дека Албанија со особен интерес гледа на односите со Македонија, не само како соседна земја, туку и поради албанскиот фактор, којшто претставува солиден мост за соработка и пријателство меѓу двете земји. Во оваа насока, беше нагласена значајноста на излезот од политичката криза преку парламентарните избори на 11 декември, што ќе ги забрза и интеграциските процеси.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın