Турција

Строу: Јасно е како бел ден дека ФЕТО е вклучен во обидот за државен удар

Поранешниот министер за надворешни работи на Британија, Џек Строу во врска со обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО од 15. јули изјави: „Нема сомнеж, јасно е како бел ден дека тие се вклучени“

Ecenur Çolak  | 25.03.2017 - Обновена : 26.03.2017
Строу: Јасно е како бел ден дека ФЕТО е вклучен во обидот за државен удар

Antalya

АНТАЛИЈА (АА) – Поранешниот министер за надворешни работи на Британија, Џек Строу во врска со обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО од 15. јули изјави: „Нема сомнеж, јасно е како бел ден дека тие се вклучени“, јавува Anadolu Agency (AA)

Поранешниот министер за надворешни работи на Британија, Строу, кој ко-претседава на шестиот по ред Турско – Британски Форум, кој се одржува во Анталија, даде изјава за АА.

Стрoу, потсети дека, Форумот е основан пред 6 години, со цел да се соберат на едно место владите, политичарите, бизнисмените, академците и претставниците на медиумите од Турција и Британија, за да разменат мислења и да гледаат заедно кон иднината.

Строу забележа дека, Форумот покажува доста голем напредок низ годините, а во врска со одлуката за „Брегзит“ на Британија тој изјави: „Нашето излегување од Европската Унија, ги направи нашите билатерални односи уште поважни. Турција е една од многуте големи и значајни држави. Билатералната дипломатија побарува повќе важност од претходно.“

Посочувајќи дека, Британија се одвојува од ЕУ, но не и од Европа, Стору рече: „Ние, исто како и Турција сме дел од Европа. Нашата историја, целосно и засекогаш е поврзана со Европа. Меѓутоа, се обидуваме со Европа да формираме нови односи.“

- „Како бел ден е јасно дека ФЕТО е вклучен во обидот за пуч“

Потврдувајќи дека, овој Форум е една платформа, кадшто двете држави имаат прилика меѓусебно да се разберат и да го развијат своето пријателство, Строу рече:

„Има една тема, која многу ме загрижува. Дури во Обединетото Кралство, обидот за државен удар кој се случи во Турција минатиот јули, многу малку е разбран во вистинска смисла на зборот. Ако погледнеме на начинот како тоа се пренесе, излегува дека, како резултат на активности на неколку војници, беа убиени неколку луѓе. Но, ова во никој случај не е точно. Случајот за малку ќе беше причина за рушење на демократски избраната влада на една Европска држава (Турција). Страшно.“

Строу посака овој Форум да помогне во разбирањето на настаните кои се случија во Турција.

„Многу сум задоволен од резултатот до кој дојде Комисијата за надворешни работи во Долниот дом, за тоа дека, организацијата ФЕТО е вклучена во обидот за државен удар. Затоа што, информациите кои јас ги поседувам се во таа насока. Без никаков сомнеж, јасно е како бел ден, дека тие се вклучени“, рече Строу.

Посочувајќи дека, ФЕТО, покрај „доброто лице“, кои го покажува во јавноста има и лоша страна, Строу продолжи:

„Низ годините, а особено после обидот за пуч, разговарав со многу лица, за тоа како оваа организација има две различни лица. Добро лице, и многу лошо лице. Многу луѓе им го видоа доброто лице; со отворените училишта и активностите во образованието. Ова беше привлечниот дел, за тие да се приклучат кон организацијата. Но, под лицето кое се гледа, има едно многу темно лице, кое се обидува да ја сруши демократијата и да ги пресече темелите на ова демократија. Организацијата е закана за Турција и регионите каде се зборува турски јазик, бидејќи е во лидерство на турчинот Фетула Ѓулен. На пример, нема директна опасност за Британија. Вистинската опасност е во Турција.“

Строу потврди дека, целосно е одбиена темата да се разбере, до кој степен има навлезено организацијата во Турција со сериозноста на обидот за државен удар.

Во денешниот извештај што го објави Комисијата за надворешни работи во долниот дом на Британскиот парламент, се вели дека, обидот за државен удар од 15. јули ја има на мета демократијата во државата и дека, Британија ја поддржува Турција во врска со оваа тема.

Во извештајот се забележува дека, брзата реакција со поддршката која ја даде министерството за надворешни работи на Британија по 15. јули, во Турција создаде перцепција, дека Британија е сојузник и пријател на Турција.

Извештајот на комисијата содржи претпазливи изјави во врска со трористичката организација ФЕТО. Се наведува дека, Британија верува дека Турција информирала во врска со поврзаноста меѓу ФЕТО и обидот за државен удар, меѓутоа, се наведува дека не располагааат со доволно сознанија во врска со ФЕТО.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın