свет

Трамп во Израел: Невозможно e нарушување на односите меѓу САД и Израел

„Пред нас е единствена можност за истребување на тероризмот и воспоставување мир, стабилност и просперитет во овој регион. Меѓутоа, тоа можеме да го постигнеме само со заедничка работа”, порача Трамп

Eshat Fırat  | 22.05.2017 - Обновена : 23.05.2017
Трамп во Израел: Невозможно e нарушување на односите меѓу САД и Израел AA/Daniel Bar On

Tel Aviv

ТЕЛ АВИВ (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп допатува во дводневна официјална посета на Израел, а по доаѓањето во Тел Авив изјави дека дошол за да потврди дека е невозможно да се нарушат билатералните односи меѓу САД и Израел, јавува Anadolu Agency (AA).

Официјалниот дочек на Трамп е организиран на аеродромот „Бен Гурион“, во близина на Тел Авив, а во обраќањето пред присутните, првиот човек на САД изјави дека за време на посетата на Саудиска Арабија во изминатите денови видел многу надеж во подобра иднина.

„Пред нас е единствена можност за истребување на тероризмот и за воспоставување мир, стабилност и просперитет во овој регион. Меѓутоа, тоа можеме да го постигнеме само со заедничка работа. Нема алтернатива. Ние го сакаме и цениме Израел“, порача Трамп.

На присутните на приемот на Трамп им се обрати и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој таа посета ја нарече историска.

„Ниту еден американски претседател претходно не го посети Израел во својата прва турнеја во странство, а Трамп го стори тоа. Затоа ова е историска посета за нас“, порача Нетанјаху.

Во придружба на премиерот Нетанјаху и израелскиот претседател Рувен Ривлин, Трамп од Тел Авив стигна во Западен Ерусалим, каде што ќе одржи официјални состаноци со државниот врв на Израел.

Утре, исто така, се очекува и состанок со палестинскиот претседател Махмуд Абас во градот Витлеем на Западниот Брег, кој е под израелска окупација.

Тој, исто така, се очекува да го посети и Ватикан, каде што ќе се сретне со римокатоличкиот папа Франциско.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın