свет

Трамп во Кина: Согласни сме за прашањата за Северна Кореја и Авганистан

Двајцата лидери кои се состанаа во Пекинг разговараа за соработката и за меѓусебната доверба

Tevfik Durul  | 09.11.2017 - Обновена : 09.11.2017
Трамп во Кина: Согласни сме за прашањата за Северна Кореја и Авганистан Tevfik Durul/AA

Peking

ПЕКИНГ (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, во текот на својата официјална посета на Кина, се сретна со својот колега Си Ѓинпинг, јавува Anadolu Agency (AA).

Двајцата лидери кои се состанаа во Пекинг разговараа за соработката и за меѓусебната доверба.

Трамп на прес-конференцијата истакна дека за време на средбата разговарале и за нуклеарното разоружување на Корејскиот Полуостров, и дека сметаат оти одлуките на Советот за безбедност на ОН (СБОН) против Северна Кореја треба да се применуваат.

Американскиот претседател рече дека постигнале договор за соработка и кога станува збор за Авганистан.

„Терористите се закана за целото човештво и ние ќе го запреме радикалниот тероризам“, изјави Трамп.

Тој со кинескиот колега разговараше и за развојот на билатералните економски односи.

Трамп се осврна и на прашањето за Северна Кореја. Тој истакна дека со кинескиот претседател се согласни во однос на нуклеарното разоружување на Северна Кореја и дека ќе соработуваат со цел да се зајакне економскиот притисок врз Пјонгјанг.

Тој додаде дека САД и Кина ќе соработуваат и со другите земји за да се воспостави мир и стабилност во светот.

„Во иднина сакам да изградиме посилни билатерални односи, поблиски пријателски односи и пријателство меѓу Кина и САД“, рече Трамп.

Си пред прес-конференцијата изјави дека соработката е единствениот вистински пат за Кина и за САД.

За време на посетата на Трамп, меѓу компании од двете земји беа потпишани низа договори од 250 милијарди долари, кои ги опфаќаат трговијата и инвестициите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın