свет

Турската страна во преговорите сака трајно решение за кипарското прашање

Шефот на турската дипломатија и челник на делегацијата од Турција на продолжението на преговорите за кипарското прашање во Швајцарија порача дека турската делегација дошла за да постигне договор

Bayram Altuğ  | 28.06.2017 - Обновена : 29.06.2017
Турската страна во преговорите сака трајно решение за кипарското прашање AA/Cem Özdel

Crans-Montana

КРАН-МОНТАНА – Шефот на турската дипломатија и челник на делегацијата од Турција на продолжението на преговорите за кипарското прашање во Швајцарија порача дека турската делегација дошла за да постигне договор и оти е време да се пронајде решение за кризата на Кипар којашто трае веќе 50 години, јавува Anadolu Agency (AA).

Во швајцарскиот град Кран-Монтана денес е одржан првиот состанок на продолжувањето на кипарските преговори, а репортерот на АА јавува дека турската делегација ја повторила политичката волја за постигнување праведно и трајно решение на кипарското прашање.

Преговорите во конгресниот центар „Ле Регент“ ги води советникот и пратеник на генералниот секретар на ОН, Еспен Барт Еиде, а турската делегација на почетокот од состанокот истакна дека се залага за постигнување на сеопфатно решение за проблемите на островот.

Преговорите започнаа во опуштена атмосфера, бидејќи на почетокот од состанокот, додека новинарите сѐ уште беа во салата, шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, на турскиот колега Чавушоглу му рече: „Мевлут, утре во Грција температурата ќе биде над 43 степени Целзиусови“, а на што Чавушоглу му одговори: „Никос, тоа значи дека треба да останеш на преговорите и да не одиш таму“, а присутните во салата се насмеаја.

Денешните преговори се своевидно продолжување на Кипарската конференција што во Женева се одржа на 12. јануари. Чавушоглу тогаш предложи техничките делегации веднаш почнат со изработка на предлог-решението на кризата, на што се согласија делегациите на Северен Кипар и Велика Британија, а Коѕијас изјави дека грчката страна не е подготвена за тоа и ги напушти преговорите.

Чавушоглу и на денешната реплика на шегата потсети на напуштањето на Коѕијас на преговарачката маса.

Модераторот на преговорите, Еиде, би требало да има обраќање пред новинарите во попладневните часови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.