Турција

Турскиот вицепремиер ги отфрли обвинувањата упатени кон Ердоган

Бекир Боздаг изјави дека главната опозициска Републиканска народна партија (CHP) е дел од голема кампања на клевета против Турција

Ekipa  | 30.11.2017 - Обновена : 01.12.2017
Турскиот вицепремиер ги отфрли обвинувањата упатени кон Ердоган

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот вицепремиер Бекир Боздаг денес изјави дека главната опозициска Републиканска народна партија (CHP) е дел од голема кампања на клевета против Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

„Постои голема кампања на клевета против Турција – ФЕТО и нејзините американски симпатизери во Њујорк и ЏХП во Турција“, изјави Боздаг за уредничкиот тим на АА во Анкара.

Тој рече дека лидерот на Републиканска народна партија (CHP), Кемал Киличдароглу, треба пред новинарите, парламентарците и на телевизија да ја открие содржината на документите за коишто тој (Киличдароглу) тврди дека се доказ за прекршокот направен од страна на претседателот, наместо да мавта со нив на состанок.

Во вторникот, во обраќање пред пратениците на партијата, Киличдароглу претстави документи за коишто вели дека се доказ за неговите тврдења дека Ердоган и неговото семејство чувале пари во странство.

Турскиот претседател Ердоган ги отфрли обвиненијата и вети дека ќе даде оставка доколку тие се покажат како точни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.