свет

Турскиот премиер Јилдирим во дводневна посета на Сингапур

Јилдирим во Сингапур престојува на покана на премиерот Лонг, а според извори од кабинетот на турскиот премиер, посетата ќе трае два дена

Sinan Uslu  | 20.08.2017 - Обновена : 20.08.2017
Турскиот премиер Јилдирим во дводневна посета на Сингапур Murat Kaynak/AA

Singapore

АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим престојува во официјална посета на Сингапур, каде што ќе се сретне со претседателот на земјата Тони Тан Кенг Јам и со премиерот Ли Хсиен Лонг, јавува Anadolu Agency (AA).

Јилдирим во Сингапур престојува на покана на премиерот Лонг, а според извори од кабинетот на турскиот премиер, посетата ќе трае два дена.

Во текот на состаноците ќе се разговара за новата бизнис соработка со Сингапур, билатералната соработка на полето на политиката, економијата, културата, но и за борбата против тероризмот, како и за други регионални и меѓународни прашања.

Јилдирим ќе говори и на Турско-сингапурскиот бизнис-форум, но и на традиционалната конференција „Singapore Lecture“, која ги собира странските лидери, интелектуалци и реномирани личности во својот сектор, кој го посетуваат Сингапур.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.