свет

Турските сили ослободија осум села и напредуваат кон центарот на Африн

Жителите на ослободените села го поздравуваат доаѓањето на турските сили и се надеваат на продолжувањето на нивниот ослободителен поход против терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ

Erdal Türkoğlu  | 20.02.2018 - Обновена : 21.02.2018
Турските сили ослободија осум села и напредуваат кон центарот на Африн Фото: Селото Деир Балу, во близина на градот Џиндерес, Сирија

Afrin

AФРИН (АА) - Ердал Туркоглу -

Во екот на операцијата „Маслинова гранка“, која ја спроведуваат турските сили со цел неутрализирање на терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ во сирискиот Африн, селаните од неодамна ослободеното село Деир Балут се радуваат на конечното завршување на окупацијата, јавува Anadolu Agency (AA).

Турските вооружени сили и Слободната војска на Сирија и денеска ослободија осум села и напредуваат кон внатрешноста на подрачјето на Aфрин, кое веќе шеста година е под окупација на терористите на ПЈД/ПКК.

Ова утро беше ослободено селото Зејтуна во подрачјето на Шаран, североисточно од градот Aфрин. Турските сили го ослободија и селото Арпавиран.

Напредувајќи кон центарот на Aфрин и од север, турските сили и силите на сириската опозиција денеска ги ослободија и селата Шеран, Хајам, Чарканли и Аканли. Паралелно со ова, движејќи се кон центарот на Aфрин турските сили денес ги ослободија и селата Мервана и Хејгеџе кои се наоѓаат југозападно од градот.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара порача дека турските сили ќе ја продолжат одлучната борба против тероризмот и дека терористите во центарот на Aфрин наскоро ќе бидат ставени во обрач.

Во последните месец дена од операцијата „Маслинова гранка“ од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ ослободени се вкупно 88 точки, вклучувајќи и еден центар на град, 66 села, една терористичка база и 20 стратешки важни ридови и планини.

Едно од ослободените села е и Деир Балут, во близина на градот Џиндерес, кое го посети и репортерската екипа на АА.

Среќни поради завршувањето на терористичката окупација, повеќето жители избегнуваат да разговараат со новинарите поради страв дека терористите би можеле да им наштетат на нивните роднини и соседи и во другите села кои сè уште се под контрола на терористите.

Турската армија ги отстранува минско-експлозивните средства поставени од терористите во ослободеното село, а паралелно со тоа од Турција се носи хуманитарна помош.

Ибри Мухамед (63) изјави дека терористите на ПЈД/ПКК го окупирале селото набргу по почетокот на војната во Сирија и дека жителите досега преживувале голем притисок и насилство.

„Бог да ја сочува Турската армија и Слободната сириска војска. Тие нè спасија од рацете на терористите на ПЈД/ПКК, сега ни носат храна и се грижат за нашите стари и болни“, вели Мухамед и изрази надеж дека сите места наскоро ќе бидат ослободени.

И 65-годишниот жител Емил Јевми изјави дека е среќен бидејќи терористите се избркани од селото каде што е роден, а тој не сакал да го напушти и покрај тоа што беше заложник на терористичката окупација.

„Нè израдува доаѓањето на турските сили. Тие се добри кон нас и ги исполнија сите наши желби. Ни донесоа храна и сè што ни треба. Ако даде Бог, вака да се продолжи и сите да го дочекаат ослободувањето и мирот“, рече Јевми.

Прорежимските сириски медиуми вчера објавија дека режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и терористите на ПЈД/ЈПГ постигнале договор според кој во Африн ќе бидат испратени про-режимски единици на т.н. „народна одбрана“.

Портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека вестите за таков договор во Aфрин се дел од терористичката пропаганда, но тоа не значи дека на теренот не постојат тајни и валкани игри.

Операцијата во Африн започна на 20 јануари во согласност со турското право засновано на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние што се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).

Турција се повикува и на членот 51 од Договорот на ОН, односно на Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во јули 2012 година, без борба, на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.

Терористите на ПЈД/ПКК под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.

ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК, која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината на 1980-тите години води терористичка кампања против Турција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın