Турција

Турското МНР го повика швајцарскиот амбасадор во врска со митингот на ПКК

Од швајцарскиот амбасадор е побарано во најкраток можен рок да се откријат виновниците и да бидат изведени пред лицето на правдата и соодветно казнети. Истакнати се очекувањата во врска со преземање на мерки за да не се повтори нешто слично

Ekipa  | 26.03.2017 - Обновена : 27.03.2017
Турското МНР го повика швајцарскиот амбасадор во врска со митингот на ПКК

Ankara

АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција го повика швајцарскиот амбасадор во Анкара, Валтер Хафнер, во врска со собирот на терористичката организација ПКК во Берн, каде што цел на учесниците беше претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).

Извори од министерството соопштија дека на состанокот турската страна изразила незадоволство поради одржувањето на митингот.

Да потсетиме, Министерството за надворешни работи на Турција во саботата го повика амбасадорот Хафнер на разговор, но тој се наоѓаше надвор од Анкара, поради што на состанокот беше повикан неговиот заменик.

На состанокот со швајцарскиот амбасадорот е побарано во најкраток можен рок да се откријат виновниците и да бидат изведени пред лицето на правдата и соодветно казнети. Истакнати се очекувањата во врска со преземање на мерки за да не се повтори нешто слично.

На митингот во саботата присуствуваа околу 250 луѓе, а во текот на митингот учесниците ѝ пружија поддршка на швајцарската Зелена партија.

Во пораката до организаторите на скандалозниот митинг беше упатен повик на престојниот референдум за уставни измени во Турција на 16. април да се одговори со „не“. Исто така, за време на митингот можеа да се видат и транспаренти со натписот „Не“ на различни јазици.

Швајцарската полиција не интервенираше за време на митингот, на кој претседателот на Турција е прикажан како цел.

За време на митингот, од присутните можеа да се чујат и други пароли насочени против Турција и Ердоган, да се видат симболи на терористичката организација, фотографии на лидерот на ПКК, а често се слушаа и извиците „Ердоган терорист“ и „Ердоган диктатор“.

Анкара реагираше во врска со митингот на кој беше истакнат и транспарентот со црна позадина и фотографија од претседателот Ердоган со вперен пиштол во главата и пораката „Убиј го Ердоган“ (Kill Erdogan).

За разлика од САД и од Европската Унија (ЕУ), ПКК не се наоѓа на листата терористички организации во Швајцарија. Но, во извештајот на Сојузното министерство за одбрана, цивилна заштита и спорт на Швајцарија под назив „Безбедноста на Швајцарија 2015“, ПКК е окарактеризирана како терористичка и екстремистичка група без намалување на потенцијалот за насилство. 


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.