Турција

Турција: Издадени налози за приведување на 100 осомничени членови на ФЕТО

Полицијата изврши рации на неколку адреси во 31 област во Турција

Burcu Arik  | 23.02.2017 - Обновена : 23.02.2017
Турција: Издадени налози за приведување на 100 осомничени членови на ФЕТО

Ankara

КОЊА (АА) - Од судски извори се дознава дека Канцеларијата на јавниот обвинител во централната турска област Коња денес издала налози за приведување на најмалку 100 осомничени лица како дел од истрагата за терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Полицијата изврши рации на неколку адреси во 31 област во Турција.

Осомничените се товарат за членување во вооружена терористичка организација, за раководење со терористичка организација како и нејзино финансирање.

Терористичката организација ФЕТО, предводена од Фетула Ѓулен, стои зад неуспешниот обид за државен удар кој се случи во јули минатата година во Турција, во кој загинаа најмалку 248 лица, а околу 2.200 беа повредени.

По неуспешниот обид за државен удар, во судството, полицијата и армијата, како и државните институции ширум земјата се спроведуваат операции со цел апсење на осомничените за поврзаност со ФЕТО.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.