Турција

Турција од Германија бара испорака на Адил Оксуз

Четвртиот кривичен суд за тешки дела во Анкара, бара испорака на Адил Оксуз, пребеганиот „имам на воздухопловните сили” на терористичката организација ФЕТО, за кој се тврди дека се наоѓа во Германија

Zafer Fatih Beyaz  | 21.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
Турција од Германија бара испорака на Адил Оксуз

Ankara

АНКАРА (АА) - Четвртиот кривичен суд за тешки дела во Анкара, бара испорака на Адил Оксуз, пребеганиот „имам на воздухопловните сили” на терористичката организација ФЕТО, за кој се тврди дека се наоѓа во Германија, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите до коишто дојде новинарот на АА, во 4. Кривичен суд за тешки дела во Анкара, подготвено е барањето за испорака на пребеганиот Адил Оксуз, еден од обвинетите во „Случајот Акинџи“, во кој се води постапка против 486 лица кои учествуваа во активностите за време на обидот за воен удар во Турција, на 15 јули 2016 година, кога воената воздухопловна база „Акинџи“ беше користена како команден центар.

„Случајот Акинџи“ го води 4. Кривичен суд за тешки дела во Анкара, кој до Министерството за правда го испрати барањето на Турција до Германија, за испорака на пребеганиот Оксуз. Тој е познат како „имам на воздухопловните сили” и за него постојат тврдења дека се наоѓа во Германија.

Освен тоа, судот подготви и барање што ќе биде испратено до Грција, за испорака на Фатих Арик, обвинет во истиот судски процес, кој по неуспешниот обид за воен удар во Турција, со воен хеликоптер избега во Грција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.