свет

Уапсен осомничениот за нападот во Париз

Нападот е извршен во утринските часови на подрачјето на Левалоа Пере во Париз, а за време на потрагата по напаѓачот уапсено е едно лице, кое е повредено

Murat Ünlü  | 09.08.2017 - Обновена : 10.08.2017
Уапсен осомничениот за нападот во Париз

Paris

ПАРИЗ (АА) - Уапсено е лице за кое постои сомнение дека ова утро со автомобил BMW со темна боја, удрил во група на војници, а потоа побегнал, пренесува Anadolu Agency (AA).

Нападот е извршен во утринските часови на подрачјето на Левалоа Пере во Париз, а за време на потрагата по напаѓачот уапсено е едно лице, кое е повредено.

Безбедносни извори велат дека лицето е уапсено во автомобил што се движел од Париз кон Кале, во северниот дел на земјата. Осомничениот е ранет за време на апсењето.

Шестмина француски војници се повредени, откако со автомобил ги удри непознат напаѓач во париското предградие Левалоа Пере. Напаѓачот откако удрил во војниците се оддалечил од местото на настанот, а полицијата тргнала во потрага.

Напаѓачот избегал откако удрил во шестмина припадници на операцијата „Сентинел“, која е дел од мерките воведени за време на вонредната состојба по терористичките напади во Париз пред две години. Војниците во осум часот стоеле покрај возилата пред „Place de Verton“, во близина на градското Собрание.

Меѓу шесте повредени војници, тројца се во сериозна здравствена состојба.

Министерот за внатрешни работи, Жерар Коломб, изјави дека нападот е намерно изведен, и дека е извршен од страна на едно лице.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın