свет

ФЕТО во американскиот извештај за тероризам

Американските власти сметаат дека движењето на Ѓулен стои зад обидот за државен удар изведен на 15. јули, во кој загинаа повеќе од 240 и ранети беа над 2.100 луѓе, се наведува во извештајот

Kasım İleri  | 20.07.2017 - Обновена : 21.07.2017
ФЕТО во американскиот извештај за тероризам

Washington DC

ВАШИНГТОН (AA) – Министерството за надворешни работи на Соединетите Американски Држави (САД) објави извештај за тероризмот во земјите за 2016 година, каде што во прегледот за Турција за првпат е спомената терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Покрај тоа, во тој преглед се зборува и за сирискиот огранок на терористичката организација ПКК, ПЈД/ЈПГ.

Укажано е и на борбата на Турција против терористичките организации којашто и понатаму трае, првенствено против ПКК и ДЕАШ.

Во извештајот се потсетува дека турскиот Национален совет на 26. мај 2016 година ја прогласи ФЕТО за терористичка организација.

„Владата го смета движењето на Ѓулен за одговорно за обидот за државен удар изведен на 15. јули, во кој беа убиени повеќе од 240 и ранети повеќе од 2.100 луѓе“, се наведува во прегледот.

Повикувајќи се на податоците од релевантни институции, кажано е дека од 22 новември се суспендирани повеќе од 86.000 вработени во јавниот сектор, кои се поврзуваат со терористичката организација ФЕТО, а од 8. октомври се уапсени околу 35.000 луѓе кои се поврзуваат со таа организација“.

- Во Турција, во 2016 година се уапсени 1.204 лица поврзани со ДЕАШ

Исто така, наведени се и одредени чекори што Анкара ги презеде во борбата против терористичките организации и странци кои се борат на страна на терористичките организации.

Повикувајќи се на податоците на турското Министерство за внатрешни работи, се наведува дека припадниците на безбедносните сили на Турција од јануари до 23. ноември 2016 година привеле 3.089 луѓе кои се поврзуваат со ДЕАШ. Од нив, 1.381 е странец. Од вкупниот број, 1.204 се уапсени, меѓу кои 618 се странци.

Во извештајот се спомнува и за офанзивата „Штитот на Еуфрат“, која Турција во август 2016 година ја започна против терористичката организација ДЕАШ. Исто така, наведено е и учеството на земјата во глобалната коалиција во борбата против ДЕАШ.

Во делот во којшто се зборува за борбата на Турција против странските војници наведено е дека владата ја проширила листата на лица на кои им е забранет влез во земјата и формирала единици за процена на ризикот на аеродромите, автобуските станици, граничните премини и островите, каде што биле откриени странци за кои постои сомневање дека се терористи.

- ПЈД повторно не е именувана како терористичка организација

Во извештајот се потсетува и на тоа дека ПКК во 2016 година продолжила да изведува напади во Турција.

Според податоците на Anadolu Agency (AA), Турските вооружени сили (ТСК) од јули 2015 година убиле, раниле или заробиле 8.000 терористи на ПКК.

Од друга страна, во тој временски период, во нападите на ПКК се убиени повеќе од 750 припадници на безбедносните сили.

Укажано е и на тоа дека огранокот на ПКК „Орлите на слободата на Курдистан“ (ТАК) ги интензивирале нападите на припадниците на безбедносните сили, инфраструктурата, туристичките објекти. Слична е ситуацијата и со марксистичко-ленинистичката терористичка група ДХКП-Џ.

Во извештајот, сирискиот огранок ПЈД/ЈПГ не е наведен на листата на терористички организации

„Турската Влада прогласи одредени организации во земјата за терористички организации. Тие организации се Турски Хезболах, Комунистичката партија на Турција/Марксистичко-ленинистичка (ТКП/МЛ), Работничко-селска ослободителна армија на Турција (ТИККО и Марксистичко-ленинистичка комунистичка партија (МЛКП). Освен тоа, Турција ги смета Партијата на демократско единство (ПКК) во Сирија и нејзиното воено крило ЈПГ, за терористичка организација тесно поврзана со ПКК“, се наведува во текстот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın