свет

Целта на ПКК/ПЈД е нафтата во Деир ез-Зор

ПКК/ПЈД со поддршка на САД, на 9 септември започнаа акција во руралните делови на Деир ез-Зор, во источниот дел на Сирија, во подрачјето на границата со Ирак, и продолжуваат со своето напредување

Levent Tok  | 18.09.2017 - Обновена : 19.09.2017
Целта на ПКК/ПЈД е нафтата во Деир ез-Зор

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Терористичката организација ПКК/ПЈД забрзано напредува кон областа Деир ез-Зор, подрачје кое е едно од најбогатите нафтени полиња во Сирија. На територијата близу границата со Ирак, од којашто си замина терористичката организација ДЕАШ, се наоѓаат 11 значајни басени со нафта, пишува Аnadolu Agency (AA).

ПКК/ПЈД со поддршка на САД, на 9 септември започнаа акција во руралните делови на Деир ез-Зор, во источниот дел на Сирија, во подрачјето на границата со Ирак, и продолжуваат со своето напредување.

По повлекувањето на ДЕАШ од руралните делови без борба, ПКК/ПЈД навлезе во длабочина од 56 километри во подрачјето.

Вниманието го привлекува фактот што операциите на ПКК/ПЈД се одвиваат околу нафтените полиња источно од реката Еуфрат, кои се наоѓаат во подрачјето на Деир ез-Зор, долж границата со Ирак.

Најголемото нафтено поле во земјата, кое е најпродуктивно, е Ел Омер, кое се наоѓа источно од реката Еуфрат.

Источно од градот Деир ез-Зор, кој реката Еуфрат го дели на два дела, се наоѓаат нафтените полиња Ел Омер, Танак, Вард, Афра, Кевари, Џафра, Џамуф, Азрак, Кахар, Шуејат и Галбан, кои според слободна процена, сочинуваат една третина од изворите на енергенси во Сирија.

Во последните 3 години, ДЕАШ од нафтените полиња оствари милионски приходи.

- 350 мали извори во Хасекa -

Според информациите до коишто дојде дописникот на АА, во моментов ПКК/ПЈД под своја контрола држи околу 350 мали извори во Хасеке, северниот дел на Сирија. Од овие извори, дневно, организацијата произведува 35.000 барели нафта.

Терористичката организација голем дел од произведената нафта му ја продава на сирискиот режим, а остатокот го користи самата.

Доколку ПКК/ПЈД успее со своите операции во Деир ез Зор да ги заземе и полињата што се протегаат долж границата со Ирак, до ирачкиот град Елбу Кемал, се очекува нивното дневно производство и нивните приходи од нафта да бидат трикратно зголемени.

- Изворите на вода во рацете на ПКК/ПЈД -

ПКК/ПЈД, која под своја окупација држи 23 отсто од територијата на Сирија, благодарение на воената помош од САД, ги зазеде трите најголеми брани во земјата.

ПКК/ПЈД под своја окупација ги држи и 60 отсто од земјоделските површини во земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın