свет

Цивилите го напуштаат Африн пред можна турска воена операција против ПЈД/ПКК

Според достапни информации, цели семејства, кои со себе носат многу малку лични работи, во вечерните саати со возила почнаа да го напуштаат градот

Burak Karacaoğlu, Eşref Musa, Mohamad Misto  | 16.01.2018 - Обновена : 17.01.2018
Цивилите го напуштаат Африн пред можна турска воена операција против ПЈД/ПКК

Ankara

ИДЛИБ/АФРИН (AA) - Групи цивили го напуштаат Африн во Сирија во момент на зголемени тензии пред можна турска воена операција против ПЈД/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).

Според достапни информации, цели семејства, кои со себе носат многу малку лични работи, во вечерните саати со возила почнаа да го напуштаат градот.

Десетици возила се упатија кон северот на градот Алепо кој е под контрола на сирискиот режим Башар ал- Асад.

Локални извори тврдат дека на улиците има помалку минувачи од вообичаеното, како и дека голем број на продавници се затворени.

Во градот е приметена голема напнатост поради можна воена операција на Турција на целите на терористичката организација.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека секој момент може да започне акцијата против терористичката организација ПЈД/ПКК која го окупираше градот на границата со Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın