Турција

Челик: Советот на Европа и ПС на СЕ направиja историска грешка

„Ова е неправедна одлука", рече Челик, и додаде: „Ова е историска грешка за Советот на Европа, но исто така и за Парламентарното собрание на Советот на Европа"

Tuğrul Çam  | 25.04.2017 - Обновена : 25.04.2017
Челик: Советот на Европа и ПС на СЕ направиja историска грешка

Ankara

АНКАРА (АА) - Министерот за ЕУ ​​и главен преговарач на Турција со ЕУ, Омер Челик, во врска со денешната одлука на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ) во врска со поставувањето на Турција во процес на надзор, изјави дека се работи за неправедна одлука, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ова е неправедна одлука", рече Челик, и додаде: „Ова е историска грешка за Советот на Европа, но исто така и за Парламентарното собрание на Советот на Европа."

Парламентарното собрание на Советот на Европа денес донесе одлука за влез на Турција во процесот на еден вид интензивен надзор.

На Генералното собрание на ПС на СЕ во Стразбур се водеше расправа за извештајот под наслов „Функционирањето на демократските институции во Турција“. Во текот на гласњето за нацрт-резолуцијата, 45 пратеници беа „против“, 113 од нив беа „за“, а 12 беа воздржани.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın