Турција

Јилдирим за операцијата во Африн: Воздушните сили ги уништија речиси сите цели

„Првата етапа ја извршија воздушните сили, речиси сите цели се уништени “, изјави Јилдирим, и додаде, дека според текот на случувањата, копнените сили ќе продолжат со активностите во овој регион

Yasemin Kalyoncuoğlu  | 20.01.2018 - Обновена : 21.01.2018
Јилдирим за операцијата во Африн: Воздушните сили ги уништија речиси сите цели

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес во Анкара изјави дека првата етапа од операцијата „ Маслинова гранка“ во сирискиот регион Африн ја извршиле воздушните сили на Турција и дека утре, според случувањата, со активностите ќе продолжат и копнените сили, јавува Anadolu Agency (AA).

Јилдирим во Анкара се состана со лидерот на турската Партија на национално движење (МХП), Девлет Бахчели, а по состанокот на прес-конференцијата се осврна кратко на операцијата „Маслинова гранка“, која денес ја покренаа Вооружените сили на Република Турција против терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во регионот Африн, на северозападниот дел на Сирија.

„Првата етапа ја извршија воздушните сили, речиси сите цели се уништени“, изјави Јилдирим, и додаде, дека според текот на случувањата, копнените сили ќе продолжат со активностите во овој регион.

Турската војска до сега во најмалку седум региони уништи 108 од 113 предвидени позиции на терористичките организации ПКК/КЏК/ПЈД-JПГ и ДЕАШ, уништени се засолништа и складишта на терористите. Сите убиени и ранети во болниците се членови на терористичката организација ПЈД/ПКК.

Од Генералштабот на Турција е порачано дека операцијата „Маслинова гранка“ во Африн е покрената во рамките на турските права засновани на меѓународното право и резолуциите на ОН, посебно оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014). Турција се повикува и на член 51 од договорот на ОН, односно „ правото на самоодбрана“. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.