Турција

Јилдирим: „Референдумот во северен Ирак е нелегален“

Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес во Анкара изјави дека никогаш со одобрување нема да гледа на промената на статусот и формирањето нови творби долж јужната граница...

A. Eda Ünlü Özen  | 24.09.2017 - Обновена : 24.09.2017
Јилдирим: „Референдумот во северен Ирак е нелегален“

Ankara

АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, денес во Анкара изјави дека никогаш со одобрување нема да гледа на промената на статусот и формирањето нови творби долж јужната граница, и дека утрешниот референдум во Курдската регионална управа во северен Ирак во тој контекст ќе биде нелегален, јавува Anadolu Agency (AA).

„За сите можни последици од овој референдум одговорна е исклучиво Курдската регионална управа, која сама ја донесе оваа одлука без да се консултира со народот и за инает на противењето на сите држави во светот и на Обединетите нации“, порача Јилдирим во обраќањето на шестиот редовен Конгрес на владејачката турска Партија за правда и развој (AK Parti) во Мамак, Анкара.

Истакнувајќи дека спорниот референдум нема да реши ниту еден постоечки проблем во Ирак и во регионот, турскиот премиер Јилдирим рече дека така само повеќе ќе се продлабочи кризата во регионот, и дека цената за оваа грешка ќе ја платат луѓето кои живеат таму.

Tој исто така нагласи дека оние кои се одговорни за ова мора да одговараат, прво на својот народ, а потоа и на целата меѓународна заедница, која е против референдумот и дестабилизацијата на регионот.

„Нека знаат сите дека Турција и понатаму ќе продолжи да пружа рака за пријателство на народите во северниот дел на Ирак, кои веќе долго време страдаат поради тероризмот на ДЕАШ и на ПКК, како и поради кризата на власта во тој регион. Без оглед на крајниот исход и последиците од тој референдум, одговорност за тоа нема да бараме од Курдите, Арапите и Туркмените коишто живеат таму, туку исклучиво од оние кои се устрајни во таа погрешна одлука“, порача Јилдирим.

Toj на крајот рече дека Турција била и ќе остане своевиден остров на стабилноста и на правдата во регионот, и дека е способна да се спротивстави на сите предизвици и провокации.

Претседателот на Курдската регионална управа во северен Ирак, Месуд Барзани, на 7 јуни распиша референдум за независност на тој регион и го најави за утре, 25 септември. Во меѓувреме, Владата, Парламентот и Уставниот суд на Ирак забранија одржување на тој референдум, а за неприфатлив го оценија и соседна Турција и Иран, како и целата меѓународна заедница, со исклучок на Израел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın