свет

Јужна Кореја ја обвини Северна Кореја за атентат врз Ким Чон-нам

„Веруваме дека зад атентатот стои режимот на Северна Кореја, со оглед дека петмина осомничени лица се државјани на таа земја”

Zehra Ulucak  | 19.02.2017 - Обновена : 21.02.2017
Јужна Кореја ја обвини Северна Кореја за атентат врз Ким Чон-нам

Ankara

СЕУЛ (АА) - Јужна Кореја ја обвини Северна Кореја за учество во атентатот на Ким Чон-нам, полубратот на Ким Џонг-ун, јавува Anadolu Agency (AA).

Ким Чон-нам е убиен минатата недела на аеродромот во Малезија.

„Веруваме дека зад атентатот стои режимот на Северна Кореја, со оглед дека петмина осомничени лица се државјани на таа земја”, изјави портпаролот на Министерството за обединување со седиште во Сеул (Јужна Кореја), Џонг Џун-хи преку државната новинска агенција Јонхап.

Џонг истакна дека Сеул со страв го следи смелото и страшно убиство.

Малезиската полиција денес соопшти дека четворицата главни осомничени лица за атентатот се државјани на Северна Кореја. Полицијата истакна дека четирите лица ја напуштиле земјата на денот кога се случило убиството.

Исто така, полицијата вчера приведе државјанин на Северна Кореја за кој се сомнева дека е вмешан во атентатот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın